СДСМ: Ќе го заштитиме аквадуктот кој е споменик на културата претворен во депонија за градежен шут

07.10.2016 06:40
СДСМ: Ќе го заштитиме аквадуктот кој е споменик на културата претворен во депонија за градежен шут

„Споменик на културата кој е вистинска реткост на Балканот е претворен во депонија за градежен шут. Реката која поминува под него е полна со ѓубре и потенцијален извор на зараза за Скопје“ – изјави Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, укажувајќи на катастрофалната состојба во која се наоѓа аквадуктот и неговата околина.

„Власта на обвинетиот Груевски и министерката за култура Канческа-Милевска фрли над 650 милиони евра пари на граѓаните за камен и стиропор, а дозволи аквадуктот да биде во ваква состојба и целосно заборавен“, обвини Алаѓозовски, укажувајќи дека станува збор за класичен пример за тотална негрижа на оваа власт за вистинското културното наследство во Македонија.

Според СДСМ, скопскиот аквадукт има историско и културно значење за граѓаните на Република Македонија и може да биде вистинска туристичка атракција: „Новата влада предводена од СДСМ ќе го заштити аквадуктот како културно наследство на Скопје. Комплетно ќе го рехабилитираме оштетениот аквадукт и просторот околу него, ќе ја исчистиме и уредиме реката, а просторот ќе го заштитиме како културен предел. Аквадуктот и неговата околина ќе ги претвориме во туристички и културен простор за сите граѓани на Македонија, како и за туристите кои го посетуваат главниот град.“


 

Извор: Слободна Македонија

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото