Супермаркет во кој „плаќаш колку што можеш“

08.10.2016 12:54
Супермаркет во кој „плаќаш колку што можеш“

На глобално ниво, една третина од храната произведена во светот за исхрана на луѓето - поточно секоја година околу 1,3 милијарди тони - се расипува или залудно се фрла, што резултира со над 795 милиони луѓе кои немаат постојан пристап до здрава храна. Неодамна отворената прехрамбена продавница во Велика Британија работи на решавање на овој голем проблем со продажба на производи кои другите продавници ги одбиваат или ги фрлаат поради приближување на истекот на рокот на трањење или неквалитетното пакување. Работејќи на моделот „плати колку што можеш“, магацинот им помага на луѓето со мали буџети да добијат соодветна исхрана за своите семејства.

Овој иновативен супермаркет е отворен во Падси, во близина на Лидс, од страна на хуманитарната фондација The Real Junk Food Project, глобална органска мрежа на успешни кафулиња кои функционираат со мотото „плати колку што можеш“, кои храната наменета да биде отпад ја претвораат во нутритивни вкусни оброци. Нивната мисија е да се спречи непотребното фрлање на храна во нашите животи, „за да бидеме сигурни дека следната генерација нема страда опоради нашето игнорирање“.

Од отворањето на продавницата на 21 август, пазарот на отпадоци од храна веќе им помогнал на неколку очајни семејства кои константно се борат за да ги нахранат своите деца. Познат е случајот на една жена по име Кирсти Родос, на чиј сопруг му била дијагностицирана состојба на хронична болка и кој бил принуден да се откаже од работа, а приходот на нејзиното семејство бил сведен на ништо, речиси преку ноќ. „Складиштето апсолутно беше нашиот спас во текот на изминатиот месец“ - изјавила таа за Independent.

Иако ова е првата продавница од ваков тип во Велика Британија, овој проект поттикнува на реализација на слични програми како што се WeFood во Данска, која почна со продажба на почетокот од оваа година. Со сè поголемиот број луѓе кои се вклучуваат во борбата против глобалното фрлање храна, мисијата на Real Junk Food Project се чини возможна. Адам Смит, основачот на проектот Real Junk Food Project, планира да отвори еден магацин за продажба на вишок производи во секој град во Велика Британија. Да се надеваме дека неговите акции ќе ги инспирираат и другите земји да го следат овој пример.

Извор: inhabitat.com

ОкоБоли главаВицФото