Најголемите „свиркачи“ во Америка

10.10.2016 10:16
Најголемите „свиркачи“ во Америка

Ова се Џон и Бони Рајнс, едни од најголемите „свиркачи“ во историјата на Америка. Неверојатно, но нивниот идентитет бил тајна повеќе од 43 години. Тие во 1971-ва година со уште неколку луѓе провалиле во една од канцелариите на ФБИ каде украле илјадници документи кои подоцна ги предале на една новинарка. Документите открија дека ФБИ шпионирале илјадници американски граѓани. Никогаш не биле фатени за она што го направиле во време кога озогласениот Џ. Едгар Хувер бил Capo di tutti capi, страв и трепет во државата и помоќен од многу американски претседатели. Јавно кажаа кои се пред две години, откако делата застареа и веќе не можат да ги гонат. Благодарение на нивната храброст и грабежот кој го извршиле, Америка дозна дека илјадници критички настроени граѓани и активисти биле следени, уценувани и шпионирани. Еден од документите покажува дека агентите на ФБИ му се заканувале на Мартинг Лутер Кинг дека ќе ги објават сите негови приватни афери ако не изврши самоубиство. Во Вашингтон ги сретнав на историска дебата помеѓу нив и Едвард Сноуден. Тој ги украде документите на НСА од внатре преку даунлодирање, тие морале на „олд-скул“ начин, со месеци да подготвуваат план и да провалат физички пребарувајќи кутии со документи. И во двата случаи, за да им ја откријат вистината на граѓаните и какви злоупотреби прават оние што ја водат државата и институциите. На дебатата Џон Рајнс на шега рече: Потребни се околу 40 години за еден предавник да стане херој.

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото