Загубени битки

10.10.2016 10:30
Загубени битки

Фалеше, како и секогаш, стабилност и темелност, кога полека, од својата половина се оди во организиран напад, со импровизации и индивидуалности кои во финалната фаза се вклопуваат во таа систематичност и трпеливост, ние сме преплашени и стаписани во првите минути на натпреварите со големите екипи, па влегуваме во ритам, речиси во добар ритам, но без систем, хистерично, како некој да ни дал десетина минути да се прошверцаме и да ги заебеме и противниците и правилата на играта и нејзината филозофија и системи, па издишуваме како балони, никогаш не успеваме, нормално, не сме вкоренети во играта, во нејзината идеја, впрочем, како во сите други работи, ние играме фудбал како што вмро игра политика и прави архитектура со која сака да заебе десет века валкање во калта, така ние сакаме да ги победиме Италијанците, на лажната национална арена, „Филип втори“, јебо вас Филип, тоа е, имаше убави потези, симпатични поединци, целата екипа зрачеше со некоја симпатија, Буфон сигурно им рекол „браво момци, никој не ми дал два гола за три минути“, патетични сме си самите на себе, а таа патетика нè фрла во меланхолија во која уживаме, поразите во фудбалот се само мало парче од сите наши порази, затоа е толку убава Триумфекалната капија на загубените битки!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Екипа.мк