Марш за 11 октомври: Борбата продолжува, гласот победува!

11.10.2016 02:49
Марш за 11 октомври: Борбата продолжува, гласот победува!

По повод 11 октомври, Денот на почетокот на антифашистичката борба, утре во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува”.

Граѓанскиот марш е организиран од опозицијата и од неколку познати граѓански активисти , а ќе започне од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на крстосницата на улиците „Рузвелтова“ и „Партизанска“ во 14 часот.

„Ние, Зоран Заев, Вера Бунтеска, Томче Кежаровски, Златко Ориѓански, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Влатко Васиљ, Атанас Костовски, ве повикуваме преку Граѓански марш, на 11 октомври, сите заедно да се огласиме со силна слободарска порака.

Ние граѓаните склучивме сојуз. Си го враќаме животот! Ја враќаме слободата!

Маршираме против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за правда.

Маршираме за граѓанскиот глас.

Нашето оружје денес е гласот! ДА за живот во Македонија, НЕ за режимот.

Ве повикуваме сите, поединци, здруженија, заедници, демократски политички партии, сини, шарени, црвени, од град, од село – да застанеме рамо до рамо, еднакво важни.

Дојдете, бидеме заедно на 11 октомври 2016, денот на маршот што ќе се памети“, пишува во повикот кон граѓаните.

ОкоБоли главаВицФото