Чудесни печурки

11.10.2016 23:19
Чудесни печурки

Rhodotus Palmatus

Природата никогаш не престанува да зачудува. Каде и да го свртите погледот, постојат суштества и организми со неверојатни форми, големини, бои и текстури. Печурките не се исклучок од овој широк чудесен спектар на природата. Кога некој фотографира печурка, обично таа е кафеава или сива, со глава која има форма на чадор и која балансира на подолго стебло. Но, како што знаат да кажат фанатиците за печурки и габи, постои еден цел свет на исклучителни примероци. Во фотогалеријата ќе имате прилика да видите само неколку од нив, преку селекцијата на воодушевувачки фотографии пронајдени на порталот The Open Mind. Од виолетовите, и со прекрасно име, Аметисти-измамници, до изненадувачките Leratiomyces и портокаловите формации налик на медно саќе кои припаѓаат на видот Favolaschia Calocera, се надеваме дека овие блескави убавици ќе ви го разубават денот.

Amethyst Deceiver


Cyathus Striatus

Favolaschia Calocera

Coprinus Comatus


Marasmius Haematocephalus


Puffballs

Clathrus Ruber


Panus Fasciatus


Leratiomyces


Crepidotus


Porcelain Fungus

Hydnellum Peckii

Chorioactis

Morchella Esculenta

Извор: www.anothermag.com

Слични содржини

Фотографија / Живот
Фотографија / Психологија / Живот / Уметност

ОкоБоли главаВицФото