Уметничкиот пркос на Ротими Фани Кајод кон африканското постколонијално хомофобично наследство

12.10.2016 11:11
Уметничкиот пркос на Ротими Фани Кајод кон африканското постколонијално хомофобично наследство

Иако ретко се признава, хомофобијата не престанува да се шири низ африканскиот континент, поради драконските закони кои се движат од 14 години затвор до смртна казна, ако се дознае дека некои поединци се хомосексуалци.

Уметниците и активистите сега повеќе од кога било гласно зборуваат против таквата нетолеранција, а еден од оригиналните застапници на ова движење беше нигерискиот фотограф Ротими Фани Кејод.

Роден во Лагос во 1955 година, Кејод (на 12-годишна возраст) побегнал во Брајтон со своето семејство за да избега од Бијафранската војна. По посетувањето на низа приватни средни училишта во Англија, тој заминал во САД да учи економија и ликовна уметност на Универзитетот во Џорџтаун, а подоцна бил активен и во Институтот „Прат“ во Њујорк. За време на неговиот престој во Њујорк, Кајод се сретнал и спријателил со уште еден друг голем фотограф од тоа време: Роберт Мејплторп, чиј визуелен стил и теми се видливи елементи во делата на Кејод.

„Јас сум аутсајдер и таа моја карактеристика е сконцентрирана во три точки: во поглед на сексуалноста, во однос на географската и културна дислокација, и во смисла на тоа што не запливав во брачните води, како што моите родители се надевале“ – изјавил Ротими Фани Кејод во едн прилика.

Самиот Кајод своите дела ги опишал како „Црна, африканска, хомосексуална фотографија“, цврсто поставувајќи го својот сексуален идентитет и политиката која оди со него во првите редови на својата приказна. Неговите слики елегантно ги побиваат понижувачките африкански приказни за хомосексуалноста, заедно со хипер-маскулинитетот кој ги распалува. Деликатната фузија од перформанс и портрет за да се создадат моќни реимагинациии на африканскиот човек. Топлите и светли кралски бои ги галат црните тела.


Темната кожа блеска, треперлива како златото и среброто, комбинирана со интензивните бои на овошјето. Портретите на Кејод им овозможуваат на овие лица (чија љубов останува забранетата) слободно да комуницираат со убавината на својата сексуалност, предизвикувајќи ја нашата вкоренета нетолеранција и принудувајќи ги гледачите да се прашуваат како нешто толку величествено може да се смета за нечисто.


Извор: www.juxtapoz.com

ОкоБоли главаВицФото