Партизанска колона

12.10.2016 13:26

Вечер е тиха, дремлива,
нечујно гора шумоли,
месец сред гранки сонува
ѕвездите солзат на небо,
а рана пролет пргава,
раскрила убост моминска -
снага ѝ - шума борова,
очи ѝ - бистри кладенци,
лице ѝ - пупка трендафил,
а коси - трева зелена.
Еј море, радост голема,
партизан в пролет да бидеш,
кога се шума разлисти
и зажуборат извори,
еј море, среќа бескрајна
в пролет низ гора да одиш,
грлото да го извиеш,
песни да пееш бунтовни
и врагот да го прогониш!...
Вечер е тиха, дремлива,
нечујно гора шумоли,
месец сред гранки сонува,
и ѕвезди солзат на небо.
Не оди долга колона,
не гази снага моминска,
на лесни крила пркнати,
вила ја носи планинска!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото