Амаркорд

13.10.2016 11:40
Амаркорд

За денешната монтажна пародија ни послужија фотографиите од култниот филм на Федерико Фелини. Во 1973 година филмот доби Оскар за најдобар странски филм и низа други значајни филмски награди.

Насловот на филмот (итал. „аmarcord“) потекнува од ромањолскиот дијалект, кој се зборува на северниот дел на провинцијата Емилија Ромања, родниот крај на режисерот. Станува збор за локализам за италијанскиот израз „mi ricordo“, што значи „се сеќавам“.

Филмот следи една година од животот на младиот Тито кој балансира на границата помеѓу детството и зрелоста, опкружен со низа живописни и ексцентрични ликови во измислениот град по име Борго, на јадранскиот брег во фашистичка Италија во триесеттите години на минатиот век. Фелини секојдневниот живот на зачмаената провинција го претвора во циркус на општествени ритуали, адолесцентски желби, машки фантазии и политички нискости. Јасно е, нели, зошто во Амаркорд се препознаваат, низ времето и просторот, и низа други зачмаени и забегани провинции...

 

  Оригиналните фотографии од филмот