Мајли Сајрус: Отсекогаш сум го мразела зборот бисексуалка бидејќи само ме ограничуваше

13.10.2016 23:37
Мајли Сајрус: Отсекогаш сум го мразела зборот бисексуалка бидејќи само ме ограничуваше

Американската поп ѕвезда и ЛГБТ активистка Мајли Сајрус, која отсекогаш била безобразно искрена, се отвори за нејзината пансексуалност и борбата да го прифати својот родов идентитет.

„Целиот мој живот не го разбирав сопствениот род и мојата сексуалност. Отсекогаш сум го мразела зборот „бисексуалка“ бидејќи тоа уште повеќе ме ограничуваше“, изјави таа за Variety.

„Мојата прва врска беше со девојка. Пораснав во многу религиозно семејство на југот“, додава Сајрус.

Сега верена со австралискиот актер Лиам Хемсворт, Сајрус вели дека не можела да го разбере својот идентитет сѐ додека не ги запознала останатите членови на заедницата.

„Отидов во ЛГБТК центарот во Лос Анџелес и почнав да ги слушам нивните приказни. Видов, конкретно, еден човек кој не се идентификуваше ниту како маж, ниту како жена. Гледајќи ги нив, тие беа истовремено убави и секси и цврсти, а во исто време ранливи и женствени, но мажествени. Најдов сродност со таа личност повеќе од која било друга личност во мојот живот“, додава таа. „Иако можеби изгледам многу различно, луѓето може да не ме гледаат како неутрална, како што впрочем се чувствувам. Но се чувствувам многу неутрално. Мислам дека тоа беше првата родово-неутрална личност која некогаш сум ја запознала.“

„Штом подобро го разбрав својот род, кој е неодреден, тогаш подобро ја разбрав и својата сексуалност. И си реков: Ох, затоа јас не се чувствувам стрејт и не се чувствувам геј. Тоа е така, бидејќи не сум“.

Сајрус и во минатото била искрена за нејзината поддршка на ЛГБТ заедницата – дури се истетовира како би ја поддржала брачната еднаквост. Минатата година таа истакна дека е „отворена“ за „сѐ што е легално“.

Слики: Paper Magazine

Извор: queer.mk

Слични содржини

Квир / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото