1022 hPa
70 %

7 °C
Скопје - Чет, 13.02.2025 17:59
Октомври е месец кој во дизајнерските кругови се смета за почеток на нова сезона на натпреварувања во категоријата графички дизајн. Плакатот како медиум кој остава најголем впечаток кај публиката е значаен дел од овие светски збиднувања. Плакарт, здружението на дизајнери од Македонија и Скопје постер фестивалот беа дел од едно од најпрестижните биеналиња за графички дизајн во светот, кое се случува на почетокот на споменатата сезона.
Од 4 до 9 октомври во Москва се одржа 12. Биенале за графички дизајн „Златна пчела“. Во рамки на ова биенално издание гости беа Ерик Бранд, Стефан Бунди, Кеизо Матсуи, Филип Третјаков и други реномирани имиња од графичкиот дизајн. Во повеќе од 50 активности - изложби, предавања и презентации беа претставени најнаградуваните дела што ја одбележаа изминатата година, постери од руската школа на плакат, постери од социјални и општествени акции и проекти, типографски дела...
Како дел од програмата и во рамки на изложбите кои се вон конкуренција претставени беа најдобрите 10 плакати од последниот Скопјепостер конкурс. Делата на Клајн од Македонија, Клешта, Депта, Јашчук и Врона од Полска, Јанг од Кина, Саеди од Иран, Милс и Мартинс од Португалија ја збогатија изложбената поставка на 12. Бинеале „Златна пчела“.
Постерите на топ 10-те финалисти од 8. Скопјепостер - Меѓународен студентски конкурс за плакат по гостувањето на One Design Week во Бугарија, ШУНД фестивалот во Белград ја пренесоа пораката за потребите на луѓето со попреченост и во Москва, Русија.
Плакатите од 8. МСКП „Сите за луѓето со хендикеп“ е планирано да бидат изложени надвор од Македонија и во наредниот период, за што детали ќе бидат објавени наскоро.
За повеќе информации за 12. Биенале за графички дизајн: 2016.goldenbee.org