Крајот ќе биде пресуден

18.10.2016 11:07
Крајот ќе биде пресуден

Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, се одјави од функцијата со интервју во „Република“ под наслов: „До крај ќе ги штитам Уставот и националните интереси“. До чиј крај? Тоа е единствената дилема - ако воопшто ја има - во оваа изјава, која многу повеќе личи на закана. Сè друго е сосема јасно - и кого, и како, и што штити Гошева.

Ќе остане забележано дека највисокиот правен акт, откако стапи на сила, никогаш и од никого не бил така злоупотребен како за време на нејзиниот тригодишен мандат од страна на владејачката партија, односно од нејзината врхушка. Гошева и нејзините поддржувачи („Во текот на моето работење имав поддрша од дел од персоналот во Судот, судиски и административен“), го користеа Уставот како штит во одбрана на интересите на тие што Специјалното јавно обвинителство ги обвини за тежок (изборен) криминал и ги нарече припадници на злосторничко здружение на власт. Меѓу најсрамните потези на Судот беше „толкувањето“ на Уставот кое му овозможи на Претседателот на државата да прогласи амнестија за арамиите. Токму затоа тие „со право“ се крстат во судството.

Јавноста со нетрпение го очекува изјаснувањето на Уставниот суд во врска со уставноста на СЈО. Дали таа одлука ќе биде крај што ќе го краси делото на Гошева?

Извор: Слободен печат
Слика: ШкАрт