Иднината е меѓу твоите нозе - Сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видео во Југославија

19.10.2016 11:23
Иднината е меѓу твоите нозе - Сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видео во Југославија

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ има огромно задоволство да ве покани на фестивалот кој се посветува на сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видеото во екс Југославија.

За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата на „титоистичкиот тоталитаризам“, во овие неколку дена сакаме да ѝ пристапиме на историјата на сексуалноста во Југославија одново преку посуптилен, внимателен, и историски сензитивен пристап.

Целта на фестивалот е да го донесе во преден план значењето што го имаат за колективната меморија различните форми на сексуална и родова имагинација и отпор во културната продукција во рамки на алтернативниот филм, видеото и субкултурните практики во Југославија.

Отворајќи ги спецификите на оваа продукција, сакаме да размислуваме и разговараме за можностите што различните критички и еманципаторски имагинации за сексуалноста, родот и телесноста во Југословенската културна продукција од маргините ги отвора за нашето современо обмислување на родовата и квир критика и отпор. Имено, истражувајќи ги утопиите што фемистичките, квир и критичките алтернативни и супкултурни уметнички практики во Југославија ги раздипливуваат, сакаме да го мобилизираме перформативното дејствие на минатото, а со цел да погледнеме оттаде затворот на нашата сегашност и нашите борби и имагинација за отпор и еднаквост.


Програма:

21.10 (Петок)

20:00 (Кино Фросина)

Должината не е важна - Хрватскиот алтернативен филм 1964-1989
Селектор: Жељко Лукетиќ
Филмови:
-Семеен филм 1 и 2 (Томислав Готовац)
-Дождовно-невина сабота (Лордан Зафрановиќ)
-Струење (Хрвоје Турковиќ)
-Ин континуо и Еквилибриум (Мирослав Микулјан)
-Адам и Љубовно искуство (Дасен Штамбук)
-Обнова (Невен Корда)
-Девојки (Јасна Месариќ)
-Втор кат, Подрум (Иван Салај)

* За оваа селекција нема да биде дозволен влез за лица под 18 години

22.10 (Сабота)

13:00 (Кино Култура)
Без гордост 2013: Репрезентација на квир идентитетите во Источноевропската уметност и култури
Предавање на Саша Кесиќ (Белград)

19:30 (Кино Фросина)
Иднината се наоѓа меѓу вашите нозе сѐ до војната, потоа сѐ уште ќе остане таму...
Марина Гржиниќ ги претставува видео делата на Марина Гржиниќ и Аина Шмид

Видеа:
- Икони на гламурот, Одеци на смртта
- Заканата на иднината
- Синди Шерман или Хистерија продукција ви претставува Реконструкција на фотографиите на Шерман
-Биолокација
-Лавиринт
-Луна 10
- Апатија, СИДА и Антарктик

* Проекциите ќе бидат проследени со дискусија на тема Непослушни тела: Сексуалноста, родот, класата и утопијата во (екс)Југославија
Учесници: Гена Теодосиевска (Мкд), Марина Гржиниќ (Словенија), Адела Јушиќ (БиХ), Саша Кесиќ (Србија).

23.10 (Недела)

18:00 ( Кино Култура)
Секс, брак и репродукција: Создавањето на идеалната југословенска жена - Предавање на Адела Јушиќ (Босна и Херцеговина)

22:00 (Концепт 37)
DJ сет на Виолета Качакова и видео проекции на видеа од Borghesia

На линкот подолу можете да го преземете каталогот со повеќе детали за фестивалската програма.

ПрилогГолемина
Преземи1.31 MB