Створени се нови елити кои не се во состојба да создадат држава

19.10.2016 12:51
Створени се нови елити кои не се во состојба да создадат држава

(...)

Новинар: Има, меѓутоа, граѓански протести на улиците.

Створени се мали бесмислени држави кои немаат капацитет да се носат самите себе. Зборот држава произлегува од „држи“, „придржува“, „одржува“. Створени се нови елити кои не се во состојба да создадат држава. Војната всушност беше приватизација, а приказната за Србите, Хрватите и останатите е употребена за преземање на имотот. Зашто, Југославија имаше општествен имот, а ти ги создаде тие мали држави, од луѓе кои ја извршија приватизацијата. И што ќе правиме сега? Сега ќе правиме сè одново. Затоа е значајно што луѓето во Македонија ги гаѓаат оние свои нови споменици. И затоа е значајно што во Хрватска се демонстрира, што се демонстрира во Белград.

Зошто е тоа важно? И каква врска има македонската приказна со нас?

Македонија е земја која има 360 споменици од XIII и XIV век, а која смисли да прави монументален Александар или среде Вардар да подигне три галии. Вашиот Теофил генијално го напиша тоа - „Погледни го Скопје 2014 и види ја својата иднина“.

Тие мораа да го тргнат југословенското минато и да го заменат со друго, за да можат да ги легитимираат новите елити. Насекаде се врши експропријација на идентитетот, и затоа луѓето во Македонија ги гаѓаат и шараат новите споменици. Тоа мора да се тргне.

(Фрагмент од интервју)

Извор: Време, 30. jun 2016.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото