Чавков како Том

20.10.2016 11:02
Чавков како Том

А, бе, Чавков, ти можеш да ја блокираш Јанева, која со валиден судски налог бара во УБК одредени материјали, но твојата позиција, всушност, е позиција на глупак затоа што колку повеќе ја блокираш, ти повеќе се разобличуваш себеси како злосторник на кој чавка му го испила мозокот, во таа трагикомична поза ти го стриптизираш целиот механизам на власта како злосторничко здружување, го потврдуваш извештајот на Прибе за спојот односно приватизацијата и окупацијата на државата од страна на фамилијарното шефовство на твојата партија и, конечно, го разобличуваш самото тоа шефовство како јадро на злосторничкиот потфат и на злосторничкото здружување.

Сите заедно сте наебале.

Твојот гард пред УБК ги урна и најмалите шанси, не за спас, оти спас ви нема, туку за продолжување на играта која тебе, да речеме, ќе ти овозможеше да завршиш во притвор по три или четири месеци, а сега можеш и треба да завршиш уште утре вечер.

Ме потсетуваш на еден цртан филм во кој Том затвора една дупка од која морето продира во неговиот брод, но во тој момент се отвора нова дупка, тој ја затвора и таа дупка со предната шепа, но се отвора трета која што ја затвора со задната нога, а четвртата, од која во меѓувреме почнало да тече, ја затвора со втората задна нога, но во тој момент доаѓа Џери и му ја затвора задната дупка. Сакам да кажам, ти си Чавков, човече, ти не си мачор, престани да изигруваш некаков Том, знаеш ли колку глувци има што сакаат да ти го начукаат!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Били Даркарт

ОкоБоли главаВицФото