„Мојата соба“

21.10.2016 03:06
„Мојата соба“

Пема - Катаманду, Непал

Во 2010 година, фотографот Џон Таквреј, роден во Јужна Африка, го почнува патувањето низ целиот свет со цел да ја реализира својата серија на фотографии со наслов „Мојата соба“. Поставувајќи ја камерата на таванот од спалната соба на секој учесник, тој доловува интимни детали од нивните приватни простори и потоа ги интервјуира, испрашувајќи ги за нивниот начин на живот и нивните култури. Фотографската серија која ја започнува со собите на пријатели од Париз, продолжува со уште илјадници соби во повеќе од 55 земји, од Техеран и Токио, до Њујорк и Непал.


Гуле - Истамбул, Турција

Со фокусирање исклучиво на луѓе родени во 80-тите и 90-тите години, серијата се задржува на надежите, соништата, и културните ставови на една генерација. Во врска со својот проект Таквреј изјавува: „На почетокот тоа беше само хоби, еден нов и поинаков начин на патување. Покрај тоа, овој проект исто така беше и начин да запознаам нови луѓе, и во основа, идејата беше да се види како луѓето на моја возраст живеат во сите овие земји. Од првичните свои почетоци, проектот „Мојата соба“ се развива во една патувачка интернационална изложба по која е објавена и книга со фотографии од учесниците со своите сведоштва, која во моментов е достапна за нарачка преку веб-страницата на фотографот.


Жозеф - Париз, Франција

Преку неговиот избор од широкиот спектар на учесници од различни општествени слоеви - богати, сиромашни, традиционални, модерни – проектот на Таквреј е антрополошки тестамент на разновидноста на начините на живот во современото општество.

Риоко - Токио, Јапонија

Јуан - Дали, Кина

Малик - Њујорк, САД

Лалу - Варанаси, Индија


Марчело - Ла Паз, Боливија

Елахе - Техеран, Индија

Осија - Ха Селомо, Лесото

Олег - Новособирск, Русија

Андреа - Букурешт, Романија

Салех - Ријад, Саудиска Арабија

Аша - Бамансемилија, Индија

Извор: photogrist.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото