Извонредна саботажа на Среќко Поповски, емитувана на 24 октомври на ТВ Алсат-М! Во „Сезамова саботажа“, мајсторски е прикажана криминалната турбофолк реалност на режимот.
Неверојатно е колку се запустил МКЦ за толку кратко време
Вчера бев на премиера во МКЦ кај што не сум бил неколку месеци и неверојатно е колку се запустил за толку кратко време. Надвор темно, неискосени тревници, паркинзи за точаци празни, шанковите затворени, внатре пусто, без луѓе… А, просторот околу Малиот принц и терасата на бифето е претворен во јавно ВЦ и смрди на мочка.