Цртежи: татко vs. син

26.10.16 12:21

Дом е шестгодишно дете кое многу сака да црта. Дури има и свој профил на Инстаграм, каде ги објавува своите омилени слики. Но, тоа не е крај на приказната, бидејќи штом ќе ги заврши своите мали „ремек-дела“, неговиот татко ги преработува, прикажувајќи како тие би изгледале во реалниот свет. Се разбира, сето тоа е изведено со доза „дигитална магија“ и доста хумор.

Од лавови, лемури и зебри, до бродови, велосипеди и бизарни диносауруси-роботи: Дом и татко му создаваат прекрасен алтернативен универзум полн со суштества и предмети кои само би можеле да ги сонуваме. Сепак, иако повеќето цртежи и преработки се симпатични, некои изгледаат и малку морничаво...

Извор: Boredpanda

ОкоБоли главаВицФото