За луѓето кои гласаат за ДПМНЕ или воопшто не гласаат

27.10.2016 12:55
За луѓето кои гласаат за ДПМНЕ или воопшто не гласаат

Сакам да бидам многу јасна за да не дојде до забуна.

Секој оној кој ќе гласа за ДПМНЕ на наредните избори или пак нема да гласа воопшто затоа што „сите се исти“ или затоа што „не се занимава со политика“, ќе го сметам за:

1. Човек кој добил нешто ситно за кое мисли дека не го заслужува или пак за кое знае дека не му припаѓа, и мора да гласа за оние кои го промовираат криминалот како највисока вредност со цел да го затскрие своето ситно криминалче. Или:

2. Човек кој не е во состојба да ги согледа пошироките импликации на делувањето на ДПМНЕ врз општествениот развој во Македонија и нивното долгорочно влијание и врз него самиот. Или:

3. Човек, кој не знае да прави разлика меѓу добро и лошо, исправно и неисправно, праведно и неправедно. Или:

4. Човек кој е толку неписмен или со толку ограничени интелектуални капацитети, заради што не може да разбере кога некој го краде, мами, понижува. Или:

5. Човек кој е дел од големиот криминал, кој е дел од мрежата на крадци и измамници и кој едноставно сосема супер се чувствува во услови на крадење, мамење и понижување на луѓето.

Овие луѓе можат да седат во фотелји, да си ставаат титули пред името, да си доделуваат награди, да живеат во прекрасни куќи и да носат прескапа облека. Може, дури да знаат и да читаат и пишуваат и да сакаат можеби исти филмови и музика како мене. За мене овие луѓе се едноставно крадци и измамници.

Ова е моето мислење.

Воопшто не тврдам дека мора да го споделувате.

Едноставно, јас така си мислам и така ќе ги вреднувам луѓето.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Сликa: Свирачиња