Поредоците се менуваат, нередите остануваат

29.10.2016 02:45
Поредоците се менуваат, нередите остануваат

Тамара Клејман (1953)

Секоја историја си има своја болест.

Поредоците се менуваат, нередите остануваат.

Светлата иднина не е зад брдото. Таа е преку океанот.

Не е важно што е пад, важно е да е слободен.

А постојат ли граници за ограничувањето?

Воздржаност - животно кредо на импотентните.

Заблуда - тоа е нашата верба во светла иднина.

На човек може да му ја простиме и глупоста, ако е добро платена.

Робовите се слободни да им служат на газдите.

За да ја кренеме Русија од колена, потребно е самите да застанеме на нозе.

Излегувајќи од себе, станувате незаштитени.

Децата слушаат прегласна музика за да не ги слушаат родителите.

Додека им се оддолжуваш на родителите, им остануваш должен на децата.

Прво ги затвораат очите пред недостатоците, а потоа еден пред друг.

Не е доволно да се биде паметен. Мора да знаете и да го скриете тоа.

Ѝ го посвети најдоброто од своите гревови.

Од ближните е подобро да се држите подалеку.

Бракот не е само креветот, туку и други разочарувања.

Наталија Хазјајинова (1954)

Афористичарот е сличен на скулптор. Отфрла сè излишно.

Девојка - тоа звучи гордо. Ама не за долго.

Денот на раѓање секогаш ме радува, ама годината - никогаш.

Пријателите се познаваат во неволја, а мажите во брак.

Ако постојат смртни гревови, тогаш мора да постојат и бесмртни.

Самрак на комунизмот: генерацијата која требаше да живее во него, отиде во пензија.

Љубовта е пократка од животот, ама е подолга од бракот.

Љубовта е потребна како пари: секој ден.

Љубовта е прво хемија, потоа физика, потоа биологија и на крај - историја.

Оптимистите ја преживуваат кризата на средните години во пензија.

Скромноста го краси човекот додека не ја забележат.

Со тек на време сфаќаш дека љубовта до гроб - е љубов кон самиот себе.

Среќата на жената ја одредува или мажот, или неговото отсуство.

Колку е подобар афоризмот, толку повеќе автори има.

Јас сум во брак доброволно, а мажот ги исполнува обврските.

Ирина Жаркова (1941)

Пред да почнеш да зборуваш во ветер, утврди го неговиот правец.

Цврстината на односите се проверува кога се затегнати.

Не е важно што се лизна. Важно е што убаво падна.

Синовите ги прават жените потолерантни кон машките недостатоци.

И корисното е штетно, ако е во големи дози.

Научи да земеш сè од животот, не ограбувајќи го.

Кога не би имало нерамнини, колку помалку летнувања би имало.

Се замисли, ама само за миг.

Татјана Ајвазова (1949)

За разлика од мажот, Нова Година доаѓа навреме.

Најдобар подарок за Нова Година е детето - испратено кај баба му.

Ако на политичката арена излегуваат кловнови, тогаш никому не му е до смеење.

Само еднаш се живее. До свадбата.

Вистинското лице на жената е во нејзината торбичка за козметика.

Повеќе изненадува, не тоа што другите немаат совест, туку што ти имаш.

По општествените скалила полесно е да се качуваш во мини сукња.

На жените сè им е дозволено. Но, кажете, кој тоа им го дозволил?

Вита Логвиненко (1966)

Анестезиолог - човек кој ја лула будноста.

Не копајте по себе! Не им го земајте лебот на хирурзите!

Марионетата има чувство на болна зависност од кукларот.

Очигледноста се губи на втор поглед.

Сè со што судбината ве наградила, сте го измолиле сами.

Ако животот ве помилувал на погрешен начин, свртете му ја другата страна!

Кој станал свој човек, не сака да биде никој друг.

На физичката култура, спортот не ѝ е пријател.

Татјана Китаева (1974)

Го имам целиот свет. Засега тоа е доволно.

На Бога му е потешко отколку на сите - мора да верува во себе.

Сè што немам постигнав сама.

Сите луѓе се разликуваат и затоа се слични.

Во секое финале важно е продолжението.

Целиот живот е борба. Прво за љубов, а потоа со неа.

Има многу херои, а малку херојства.

Никој не ни го ускратува правото на несреќен живот.

Се откажа од животот? Чекај го следниот!

Сеќавање - Ахилова пета на човекот.

Победува оној кој е спремен на пораз.

Најинтересна перспектива е маглата.

На човек му треба малку и не тоа што го има.

Љубовта ти се дава онолку пати, колку што си способен да издржиш.

Олга Маркелова (1979)

Ништо не го уверува човек толку во вредноста на неговите зборови, како телефонската сметка.

Кога дезинформацијата се однесува на мали нешта - тоа е новинарска патка, а кога се однесува на големи - тоа е историја.

Како да ги убедите луѓето дека треба да работат, кога во почетокот беше зборот?

Мисијата на наставникот е да им го објасни на учениците она што тие го сакаат.

Ги спалуваат само оние книги кои не се за отпад.

Исполнет живот не е кога има многу настани, туку кога има многу чувства.

Во робовладетелско општество, робови се сите, без оглед на нивниот социјален статус.

Алиса Белоусова (1986)

Во црно-белиот свет има многу сивило.

Ако е сеедно кој си - биди свој!

Фантазијата дава крила, ама мора сам да леташ.

Нашата иднина ја одредува моментот на избор.

За да не станете како сите други, често мора да бидете сами.

Во толпа е невозможно да одите по својот пат.

 

Слики: Игор Смирнов

ОкоБоли главаВицФото