1023 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 07:59
"Каде беа тие што го бараат албанскиот глас, пред 15 години, кога младите Албанци се убиваа само за да учат на албански јазик, тие што сега, сакаат да владеат со помош на албанскиот глас" , им порачал Али Ахмети на младите членови на ДУИ во Чаир.
Е, па, јас ќе му кажам "каде пред 15 години беа тие што ги убиваа младите Албанци само затоа што сакаа да учат албански јазик": во вашата влада се, господине Ахмети, десет години сте заедно, тие се истите што пред дваесет години маршираа низ улиците на Скопје и бараа од Албанците да правеле сапуни, тие се тие што ве означуваа како терористи кои ќе им ја растурат државата на Македонците, ја со пушка, ја со семка. Се сеќавате ли на драмата околу територијалната поделба и кој на која страна тогаш беше. И кога требаше да се брка Тачи од првата влада на Груевски!?
Не сакам да го бранам СДСМ, тие се полни со гревови, тие доцнеа или го попречуваа изградувањето на услови за рамноправност на сите во сите сфери, на Албанците, посебно (ако може така да се каже), но во времето за кое говорите, тие, генерално беа на вистинската страна и преземаа врз себе сериозни ризици, иако не со доволен интензитет. И вие бевте со нив, имено поради таа генерална ориентација која беше позитивна во однос на вашите тогашни заложби за интеграција како форма на политичка легализација на вашата воена формација инспирирана и организирана од САД.
Јас, лично, ја ризикував својата кариера и сум поднел неверојатни жртви во името на вашата легализација и политичка интеграција, во името на рамноправноста, што претпоставуваше жестока битка со вашите сегашни партнери во Злосторничкиот потфат, во што се претвори вашата политичка артикулација на наводните интереси на Албанците.
Дури и во оваа ситуација, грешите: Албанците никогаш не биле помајоризирани и помаргинализирани, посебно во културата, буџетите, проектите, од времето во кое вие ја поддржувате општата деструкција во главна изведба на ВМРО. Таа политика на "освојување" на Македонија, не е во интерес на Албанците, тоа е тешка глупост.
Албанците, да се разбереме, ќе го дадат своите гласови кому сакаат, а јас ќе го дадам својот глас за конституирање на процес кој пред лицето на правдата ќе ве исправи и вас и вашиот другар Груевски и целото Злосторничко здружување. Можеби има во ова моја заложба елементи на наивност, но јас и моите другари сме спремни да се бориме за тие идеали до крај.
Слики: Свирачиња
Извор: Фејсбук профилот на авторот