Татко во тестамент му го оставил местото на синот во државна фирма

02.11.2016 13:23
Татко во тестамент му го оставил местото на синот во државна фирма

Скопје, 2 ноември 2016

Дејан Мирковски, кој веќе 38 години работи во една државна фирма, напишал тестамент во кој своето работно место му го остава на синот.

„При чиста свест и здрав разум моето работно место - соработник координатор на советникот за правни, кадровски и административни работи, му го оставам во наследство на мојот син единец Јанко“, напишал Мирковски во тестаментот.

Овој државен службеник го напишал и ковертирал тестаментот во присуство на својот адвокат, членовите на семејството, како и потесниот круг од роднините кои се обврзале дека на суд нема да бараат право на ова работно место.

„Претчувствувам дека нема уште долго да бидам во работен однос, а на ова работно место го поминав целиот работен век. И покрај неколку реформи, систематизации, намалувања на бројот на вработени во државната администрација, благодарение на мене ова работно место не згасна и сметам дека имам право да одлучам кој од моето семејство ќе ме наследи“, вели Дејан.

За да не испадне дека синот добива сè на готово, наследникот сепак ќе мора да исполни неколку услови.

„Првата година ќе мора во петок порано да излезе од работа, барем два-три пати да земе боледување, како и да ја одржува редовната квота доцнења. Ако не го исполни тоа, работното место ќе му припадне на Димитар, мојот внук од брат“, објаснува Мирковски.

Извор: www.njuz.net