Високо модните фантазии на Ервин Блуменфилд

03.11.2016 11:14
Високо модните фантазии на Ервин Блуменфилд

Манина (соларизирана и исечена), 1937

Спектарот на теми и техники на фотографот Ервин Блуменфилд варирал од дадаистички колажи, мистифицирање на ужасите на Втората светска војна, па до фотографирање на гламурозниот живот на моделите во Њујорк.

Мадона на војната (Нан), Амстердам, 1923, колаж

Ервин Блумeнфилд ги создал некои од најпознатите имагинативни модни фотографии на сите времиња – родени од неговата инволвираност и црпење инспирација од духовитата бесмисла на дада. Неодамна, галеријата „Озборн Семјуел“ во Лондон, во чест на овој фотограф беше одржана изложбата, „Ервин Блуменфилд: Од Дада до Вог“.

Дада танчери (Schule der Physik), 1924-6, мешани медиуми

Роден во Берлин во 1897 година, Блуменфилд се спријателил со дадаистичкиот уметник Џорџ Грос, и во тој период почнал да прави фото колажи.

Двојна експозиција, 1932

Откако се преселил во Амстердам, и почнал да го користи псевдонимот Јан Блуменфилд, тој почнал да фотографира надвор од работното место каде што работел како продавач на чанти.

Тара Твен, Амстердам, 1935

Под влијание на Ман Реј, користел експериментални методи, како што се удвојување на експозиции и соларизација.

Манина, Париз, 1936

Блумфилд се преселил во Париз и се спријателил со Анри Матис. Ова пријателство довело до тоа неговите дела да бидат објавени во списанието Verve, а потоа во Vogue и Harper’s Bazaar.

Неговиот колега, фотографот од Vogue, Сесил Битон првично бил претпазлив околу тоа каде го препорачува, сметајќи ја неговата работа како „многу посериозна, премногу провокативна и далеку подобра од вообичаените модни фотографии“.

Раце, Париз, 1937

Блуменфилд, заедно со својата сопруга и децата пребегале во Њујорк, по што биле фатени во бегалските кампови за време на Втората светска војна.

Акт, Париз, 1938

Тој имал неколку афери, вклучувајќи и една со жена која подоцна се омажила со неговиот син.


Модна Монтажа, Vogue, Париз, 1950

Како и понатамошната редакциска работа, вклучувајќи го фотографирањето на првата црна жена во „Вог“, тој ја прифаќа профитабилната комерцијална работа за Елизабет Арден и L'Oreal.

Сенишни Силуети, 1953

Негова последна партнерка беше Марина Шинц, која беше со него кога почина на 73-годишна возраст. Мислејќи дека боледува од рак на простата, тој намерно ќе си предизвика срцев удар со трчање горе-долу по Шпанските скали во Рим.

Модна фотографија за компанијата „Дејтон“, Њујорк, 1962

„Бев аматер. Во суштина јас сум аматер, и имам намера да останам тоа“ – напишал Блуменфилд во својата автобиографија. „Според мене, фотографот аматер е оној кој е заљубен во правењето фотографии, слободен дух кој може да го фотографира она што го сака и кој го сака она што го фотографира. Според таа дефиниција јас сум аматер, и тоа е дефиницијата која ја прифаќам“.

Извор: www.theguardian.com