„Ние одлучуваме“ во Прилеп и Битола

03.11.2016 13:18
„Ние одлучуваме“ во Прилеп и Битола

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вчера одржа перформанс во центарот на Прилеп и Битола.

Настанот вклучуваше озвучен брендиран камион, од кој се емитуваа аудио пораките на акцијата, а перформансот беше засилен со банери, знамиња и приотехнички средства кои го привлекоа вниманието на прилепчани и битолчани.

Над дваесетина активисти разговараа со граѓаните на за клучните теми и проблеми со кои се оптоварени граѓаните на Прилеп, Битола и на Македонија. Тие бараат подобро здравство, посочувајќи го Прилеп како еден од градовите со голема смртност на родилки и недостиг на лекарски кадар и адекватна опрема во сите здравствени установи.

Иселувањето на младите како директен резултат на сиромаштијата и безработицата се клучните проблеми за кои граѓаните бараат решените.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени!Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите на Ванчо Џамбаски од настаните во Прилеп и Битола.

ОкоБоли главаВицФото