Илустриран водич за сите инвентивни начини кои луѓето ги користат кога зборуваат за гениталиите

04.11.2016 13:58
Илустриран водич за сите инвентивни начини кои луѓето ги користат кога зборуваат за гениталиите

Грмушка, маче, дунда, крофна, путка… ова се некои од најраспространетите еуфемизми кај нас за женските интимни делови. За многумина тие служат како очигледни алтернативни зборови кога се дискутира во друштво за приватни работи. Но дали знаете како луѓето во некои земји како, на пример, Јапонија, Куба и Кореја ги нарекуваат нивните интимни региони? Кои животни, зеленчуци или минерали се користат за таа намена, поради нивната ненамерна сличност со она што се наоѓа во нашето меѓуножје?

Инстраграм проектот насловен „XX_XY“ креираше опширен илустриран водич со сите чудни начини кои луѓето ширум светот ги користат кога зборуваат за своите интимни делови. Неодамна лансираната веб-страница обезбедува дневни вести со навистина зачудувачки визуелизации, кои подеднакво ќе ги задоволат и светските и валканите умови. Еве компилација од 13 интересни еуфемизми од повеќе страни во светот.

Подгответе се да ја погледнете вашата кујна во едно сосема поинакво светло.

1. Во Индонезија, пенисот понекогаш се нарекува „бурунг“ – или птица.

2. Во Кореја, преферираниот сленг за пенис е „гочу“ – или лута пиперка.

3. Во Италија, мажите се навикнати својот интимен дел да го нарекуваат „пизело“ – или грашок.

4. Исто така, не се чудете ако во Италија за вагина чуете дека ја нарекуваат „патата“ – или компир.

5. Во Јапонија некои луѓе вагината ја нарекуваат „тако“ – или октопод.

6. Во Полска, преферираниот сленг за женските гениталии е „чипка“ – или пиле.

7. Во Куба, вагината исто така е позната како „папаја“ – не е потребен превод.

8. Во земјите каде се зборува англиски јазик, машкиот полов орган се нарекува „шлонг“ – што, можеби ќе се изненадите кога ќе чуете, доаѓа од еврејскиот збор „шланг“ или змија.

9. Во Индија, женскиот полов орган понекогаш се нарекува „катори“ – или чинија.

10. Во Панама, друг термин за вагина е „арања“ – исто така познато како пајак.

11. Во Полска, двата најпопуларни начини на кои жените суптилно говорат за областа кај нивните препони е „мушка“ што значи школка и „сова“ што значи був.

12. Во Финска, „муна“ или јајце, кога е во еднина, се користи за пенис, а во множина – за тестиси.

13. Во Аргентина, како прекар за вагина се користи зборот „аргола“ – или прстен.

Извор: www.queer.mk

ОкоБоли главаВицФото