Најновиот македонски филм „Спасовиот идентитет: Бегство во непознато“ доби три номинации за Оскар

04.11.2016 14:30
Најновиот македонски филм „Спасовиот идентитет: Бегство во непознато“ доби три номинации за Оскар

Скопје, 4 ноември 2015

Најновиот македонски филм „Спасовиот идентитет: Бегство во непознато“ реализиран од УБК Продукција доби дури три номинации за Оскар. Возбудливиот трилер кој ја опишува сагата на млад министер е номиниран во категориите: Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, најдобар нем филм, како и за најдобра машка главна улога.

Ова е голем успех за македонската кинематографија, а очекувањата од наредните филмски награди се неверојатно високи.

Инаку филмот „Спасовиот идентитет: Бегство во непознато“ е возбудлив трилер кој изобилува со тензија и пресврти, а во центарот на вниманието е заменик министер кој се наоѓа во драматични ситуации не можејќи да избега од вртлогот на љубовта, криминалот и државата. Главните ликови во филмот се дополнителен заменик министер, сдсмовски алфи, симпатична сопатничка, службен џип и злите криминалци Албанци од Серава блиски до СДСМ.

Блокбастерот „Спасовиот идентитет: Бегство во непознато“ веќе се емитува во кино салите ширум земјава и бележи неверојатна гледаност.

Извор: www.kozanostra.net