За менувањето на шапките

08.06.2010 12:35
За менувањето на шапките

Стигна и Методија Андонов - Ченто. Исправен и горд, со шеширот преку срцето и вперениот прст кон... Не, не, ова е само навидум уште еден осврт на спектаклот наречен Скопје 2014.

Денешното поставување на споменикот на Ченто е само поттик за осврнување и вовед во еден многу важен момент во (не)развојот на историската култура на Македонија. Спомениците и односот кон нив и претставените историски личности од страна на нивните автори, новинарите, а и значаен дел од граѓаните, се само добра илустрација за транзиционата тенденција на себеобезличување.

На поставувањето на споменикот на Методија Андонов присуствуваше и неговиот автор. Разбирливо, тој изјави дека „да се прави споменик на Ченто е огромно задоволство, меѓутоа една огромна обврска да се направи квалитетен и издржан труд“. Таман помисливме конечно автор кој ќе ни каже нешто повеќе за идејното решение – за симболиката на шеширот, граѓанската облека, за симболиката на вперениот прст, освен очигледната „да им го покаже патот на граѓаните“ – моравме да се задоволиме со веќе закотвената мантра на себеобезвреднување (напати и вреѓање). Иако навидум (барем нè убедуваат постојано) токму овие градежни тенденции имаат спротивна цел.

Разбравме дека решението е квалитетно, а трудот е издржан зашто „станува збор за истиот материјал со кој работеле Микеланџело и Донатело“. Значи, покрај тоа што станува збор за споменик од 25 тони, висок пет метри и очигледниот факт дека Ченто е претставен во граѓанска облека, единственото важно за споменикот коешто со нас сакаше да го сподели авторот е тоа што со истиот материјал работеле двајца познати светски вајари. А за вистинскиот квалитет: уметнички, естетски, идеен, историски, симболичен...па... зарем некој се сомнева?! Од истиот материјал со кој работел Микеланџело, луѓе!

Токму овде завршува вљубеноста и посветеноста на македонскиот политичар, уметник, а по сè изгледа и граѓанин во своите историски личности и нивните искуства, но и во желбата од истиве да учи и преку нив да се осознае како човек, професионалец, уметник, граѓанин...

Ниту збор за што е тоа што го инспирирало авторот да прифати да работи на споменикот (освен што, знаеме, станува збор за историски важна фигура, плус тендер вреден 800.000 илјади евра). Но, покрај тоа што станува збор за претседателот на Президиумот на АСНОМ, белки станува збор и за човек со карактер, принципи, ставови, но пред сè со искуства од кои може да се учи, и кои следствено се инспирација за негово портретирање. Но, за од истите да учат следните генерации, тие мораат да се овековечат подробно и симболички полезно.

Нема ништо спорно во граѓанската облека. Ја носеле сите, па и Ченто најверојатно. Но има во недообјаснетата симболика. Авторот изјави дека Ченто е претставен како им се обраќа на граѓаните. Една од ретките лесно достапни фотографии од Ченто додека им се обраќа на граѓаните е фотографијата направена по повод ослободувањето на Скопје во 1944. На фотографијата Ченто е облечен во партизанска униформа и на главата носи капа со петокрака. Истава униформа се гледа на секои девет од десет фотографии коишто ги имаме од Ченто. На ретките фотографии на кои не носи униформа, Ченто е во костум, но гологлав.

Тоа е сликата која секој ја има пред себе кога ќе помисли на Ченто. Барем до денес. Зашто тоа е единствената слика во македонските читанки по историја од едноставна причина: Ченто така се облекувал и така се сликал. Немал проблем да биде овековечен во униформата којашто, како и секој стил на облекување, е симболичен приказ (понекогаш суптилен, а понекогаш и директен, како во случајот на Ченто) за ставовите и уверувањата на личноста која ги носи.

И одеднаш го имаме граѓанинот Ченто, со шешир која наликува на Fedora шапките од дваесетите години на минатиот век. Во ред, така го замислува авторот. И има право на тоа. Но кога замислата се пресликува во национално славење, оние од чиишто пари се подига споменикот имаат право на објаснување за пораките кои споменикот ги пренесува.

Во недостаток на објаснување за промената на ликот на Ченто, не е ни чудо што во јавноста веќе се шпекулира за намерен обид за менување на историјата, а со тоа и на животот на еден од најпознатите борци од НОБ. Дали некој се обидува да се врати назад во историјата и да му ја извади шапката од глава на „предадениот од страна на КП“ Ченто и да го спаси од „предавниците“? Или од незнаење и непостоење на уметничка слобода, некој само гази по сето она во коешто верувал овој Македонец и на кое посветил значен дел од својот живот?

Па, и да не станува збор за желба да се избрише историјата и идеолошката определба на Ченто, зарем преиначувањето на неговиот лик не брише значаен дел од важните лекции коишто искуството на Ченто ни ги нуди? Кој е, и што се учи од Ченто без неговото партизанско минато? Која важна историска симболика и знаење се пренесува преку Ченто доколку постои новооткриениот буржуј со шешир во раката, затвореникот од Идризово, но не и Ченто од најзначајниот период во неговиот живот поминат рака под рака со партизаните?

Но, по сè изгледа, тоа не е важно. Важен е прстот кој покажува напред. А напред нè води само мермерот со кој работеле славните Европјани. Та нели кон Европа одиме. Па да, не е ни чудо што во 21 век се прави мермерно-бронзен музеј Мадам Тисо на плоштадот во град кој се обидува да се придружи на модерна Европа. Така е на сите плоштади во светот, ќе ни кажат македонските „уметници“.

Но она што најмалку треба да чуди е постојаниот обид на македонските властодржци да фрлаат пепел во очите на народот преку узурпирање на своите поданици.

Политичарите дваесет години умеат да ни го извитоперат спознанието со едноставно менување на партиската и комуникациската шапка. На ист начин, постојано им успева да ни го променат и историско-културниот тек, а со тоа да нè лишат и од важните искуства кои ни ги оставиле предците во наследство. Но лекциите побаруваат внимателно и одговорно анализирање и претставување на работата и искуствата на историските личности. А тоа бара работа и посветено самоосознавање. И пред сè верба во значајноста на одредени историски текови за денешницата.

Е, работата ќе им ја оставиме на кутрите западњаци. Ние ќе си ја клесаме гордоста во уметничките галерии во Италија, зашто сме лишени од потребата за учење и соочување со вистината која во моментов не одговара на нашата замисла за тоа кои сме, од каде сме и чии сме. Да е до македонските власти и Френклин Делано Рузвелт ќе стоеше гордо исправен на две нозе. Така и американските деца немаше да се соочуваат со болната лекција на животот која нè учи дека достоинството побарува напорна работа и искрена посветеност, често и страдање. Напротив, во фалсификуваната накнадна историска памет сите ќе живет и завршуваат со шешир во рака или качени на коњ. И само една нова „уметничка шапка“ ќе им го дадеше Рузвелт, херојот од Втората светска војна, и никогаш веќе немаше да бидат во ситуација да се „срамат“ од, само во очите на малите умови, неговиот „хендикеп“. Уште помалку ќе имаa потреба да учат за да разберат зошто искуството кое му го дефинирало животот (иако не по личен избор, за разлика од Чентовото, но подеднакво неприфатливо за денешната американска слика на „голем политичар и херој од минатото“) всушност е изворот на неговата големина.

Но, кој им е виновен кога нивната „иднина,“ пресликана во минатото, не ја вајаат македонските „уметници“.

 Едно прашање? На кој фронт

 Едно прашање?
На кој фронт се бореше Ченто? Каков национален херој, воопшто каков херој на НОВ кога тој не испукал ниеден куршум на ниедна битка.
Дај ве молам, срамота е да се лажат луѓето... Митовите се актуелни во моменти кога романтизмот ги обзема душите на малодушните нискоинтелегентни маалски "кучиња".
Ако, овакви заслужуваме... 

Ужасно е колку ви се лоши и

Ужасно е колку ви се лоши и исти текстовите

Баш тоа ќе го речев

Баш тоа ќе го речев

Да, текстовите се налик едни

Да, текстовите се налик едни на други и веќе заморни...
За симболиката и идејата зад споменикот можел некој новинар/колумнист/истражувач/заинтересиран едноставно да го праша авторот, место да критикува зашто смета дека не е пригодно да има шапка и вперен прст...
Историјата и онака се учи од учебници и историографски трудови.

Ужасно е колку ви се лоши и

Ужасно е колку ви се лоши и исти коментарите

Би било интересно да се

Би било интересно да се прашаат и децата на Ченто што мислат за овој и ваквиот споменик,  иако од нив не би очекувал објективен одговор, поради пластовите емоции... Но веројатно имаат што да кажат.

Ја/го поддржувам коментарот

Ја/го поддржувам коментарот на ССС. Ко што милион пати сме констатирале, значаен дел од коментаторскиот интернет сообраќај е регулиран од партиското дувло на фамилијата која на располагање ги има таканаречените „јазбински штакори“ (нешто меѓу галеничиња-мрмотчиња - дур им дааш сендвички - и орвелијански стаорчишта што пикираат у лице, ко ќе ги изгладниш); тие јазбински штакори мислат дека ноџињата не им испуштаа звук дур гацаат по срчата. Но, ко што ни покажа (не Т. С. Елиот) славниот филм на Копола „Прислушкивање“ (со генијалниот Џин Хекман) - и над прислушкувачот има прислушкувач! Го слушаме цивкањето на штакорчињата дури и коа ќутат у микрофончињата...
Што се однесува до конкретниот текст на Ана, тоа е еден од нејзините посилни текстови во последно време, и тоа е за радување. Некои тези се дискутабилни, но добрите текстови и служат за тоа: да провоцираат и поттикнат дискусија.

Ченто бил  и ВМРО и комунист

Ченто бил  и ВМРО и комунист . ВМРО  е  национално движење во коњ имало  место и за комунисти и за монархисти и за социјалисти и за демократи .
Политичката определба на Ченто била КОМУНИСТ .  Тоа тој не го криел .  Тоа денес НАЈВЕЌЕ ИМ СМЕТА на  плукачите по комунизмот . Денес  тоа се десничарите  и  про еу нато  левите партии ( само по себе чиста небулоза ) .
 

Ченто бил еден обичен, прост

Ченто бил еден обичен, прост човек, кој бил поставен за претседател на президиум на АСНОМ од страна на комунистите само за да се привлече обичниот народ кон нивната идеја. Добро, тој бил претседател и јас го почитувам тоа без разлика дали тој имал капацитет за таа функција. И еве, треба да ти се погодат коцкичките и да дојде некој на власт и да ти направи и споменик без да ја причека историската дистанца која е потребна за да се оцени вредноста на  некоја личност

Цивилизациски напредок на

Цивилизациски напредок на една здрава држава не се прави со ретуширање на историјата

Разноликоста во тврдењата

Разноликоста во тврдењата пренесени низ коментарите е најдобра потврда на поентата на текстот: ние не си ја знаеме националната историја, уште помалку вистински сме заинтересирани за неа. Се во неа и во врска со неа е дискутабилно а причината за тоа не е затоа што „комшиите ни ја крадат“ или „некој ни ја менувал“ туку зашто ја третираме како салонска гардероба - ја менуваме зависно од приликата и потребата.
До пред 20 години предавник на каузата на КПЈ за кој ретко кој слушнал, па потоа партизан-визионер за Македонија предаден од своите, и од пред некој ден француски даса! За Ченто на пример имаме повеќе преправени слики во фотошоп (како онаа на која му ја извадија петокраката од капа) отколку што имаме релевантни студии и анализи на личноста и делото. Нас не не интересира историјата зашто ние не учиме од неа, со неа само се китиме како  циркузанти во ринг без публика. Ова што денес дозволуваме властите да ни го набудаат под нос во центарот на Скопје е најголема потврда дека ние самите најмалку се сакаме и почитуваме.

"Разноликоста во тврдењата

"Разноликоста во тврдењата пренесени низ коментарите е најдобра потврда на поентата на текстот: ние не си ја знаеме националната историја, уште помалку вистински сме заинтересирани за неа." Ovaa prva, konstatacija ne  e tochna bidejki ne' ima shto ja znaeme istorijata i znaeme i da uchime od nea, i bash zatoa, poslednata konstatacija za samopotcenuvanje, nepochituvanje, e tochna:" Ова што денес дозволуваме властите да ни го набудаат под нос во центарот на Скопје е најголема потврда дека ние самите најмалку се сакаме и почитуваме."

se prasuvam dali nekoj od vas

se prasuvam dali nekoj od vas komentatorite (vklucitelno i avtorkata) procitale nesto za Metodija Andonov - Cento od negovite memoari, knigite za nego napisani od nego, Risto Bunteski i MANU??? Dali znaete za negovata politicka aktivnosti i pred 2-ta svetska vojna? Zatvoranjeto i smrtnite presudi od srpskite i bugarskite okupatori? Organiziranjeto na Ilindenskite protesti vo Prilep so komunistite i negovio prijatel i drug golem makedonski velilan Kuzman Josifoski - Pitu, vtoriot Goce Delcev? Dali znaete za negoviot plan iznesen vo sobranieto vo belgrad za samostojni budzeti na republikite i sekako zakonot za nevrakanje na proteranite srpski kolonisti - ceetnici vo Makedonija. Cento ne bil ni prost ni slucaen covek kako sto nekoj si dozvoluva da kaze tuka

ispravka: ima kniga napisana

ispravka: ima kniga napisana od negoviot sin Ilija. Inaku da dodadam dpmneovci i sdssmovci neka ne se prepukuvaat okolu Cento, osobeno prvite da ne si go prisvojuvaat, za so toa da ne sozdadat glupi podelbi mejgu narodot za ovoj svetol lik od nasata makedonska istorija. Spomenikot bi bil podobar vo bronza.

Книгата од син му, тоа мора

Книгата од син му, тоа мора да е ептем релевантен извор. Во бронза да, но и во пластика во црвено црно на пример добро ќе дојдеше.

Cento bil i prost i slucaen

Cento bil i prost i slucaen covek. Toj ne zhiveel pred 200 godini za da ne znaeme koj bil; toj e lik od bliskata istorija. No, ne e vazhno kolkav kapacitet imal, toj bil prviot pretsedatel na Prezidiumot na ASNOM i ke ostane vo istorijata, kakov, takov...no, da se  pretstavuva kako gospodin so sheshir v raka, e toa e retushiranje na istorijata. Samo mali, nesigurni narodi se sramat od svojata istorija i se obiduvaat da se pretstavat vo poubavo svetlo (kako i da go zamisluvaat)

Прв претседател на првата

Прв претседател на првата македонска држава. Остварување на сонот на националната и анти-фашистичка борба на македонскиот народ. Местото му е сигурно на плоштад.

Слични содржини

Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова

ОкоБоли главаВицФото