ВМРО за Македонија, хахаха!

07.11.2016 00:33
ВМРО за Македонија, хахаха!

ВМРО за Македонија, хахаха, не сум сретнал поциничен назив! ВМРО за Македонија или која било ВМРО, дури и ВМРО за Северниот пол и за Горниот Амазон, е Смрт за Македонија, во сите варијанти; тие се за нас како што цунамито беше за Фукушима, како Боко Харам за девојчињата во Нигерија, како Брејвик за младите на Утоја, како ИСИЛ за Батаклан, како Чарлс Менсон за Шерон Тејт, како Тодороф за Тамара, како војната за бегалците од Сирија, тие се за нас тоа што националната армија беше за Македонците во граѓанската војна во Грција: ние сме новите деца бегалци, ВМРО е Груевски за тоа што бевме и тоа што сме сега - ништо!

***

Македонија е, да го парафразираме Басара, справа за мачење, ВМРО е главниот оператор, а плитката и лажна историја, со илинденскиот циклус како централна тема, е бичкијата за бавно сечење на вратовите, јажето за гушење, токмакот за кршење на коските, бодежот за во срцата, опушокот за гаснење врз цицките и јазиците, врелиот зејтин за во уво на спиење, а МПЦ, тоа што го викаме МПЦ, тоа се, всушност, камбаните кои трештат и го придушуваат врисокот на оние што умираат!

***

Вмро гледа на Македонија како што куче гледа на коска: ја мириса, ја лиже, ја дроби и ја сере!

Извор: Фејсбук профилот на авторот, 06.11.16.
Слика: Свирачиња