Љубчо веќе не е интересен на интервјуата, страшен е, она што го кажува треба да биде осудено од целата македонска јавност!!!

07.11.2016 01:10
Љубчо веќе не е интересен на интервјуата, страшен е, она што го кажува треба да биде осудено од целата македонска јавност!!!

Го изгледав интервјуто на Љубчо за ТВ Сонце и мора да ви признам дека повеќе од пола интервју го поминав со стискање пауза и тресење на главата и гледање у плафон додека да ми помине шокот од слушнатата глупост, а ги имаше многу! Значи, се изнагледав у плафонот!

Овој човек веќе не е забавен за слушање, туку страшен!

Излегува дека она по што Љубчо се разликува од Грујо е дали земјата треба да се задолжува, дали сме Антички Македонци и дали треба да има слобода на медиумите.

Што секако не е мала разлика, ама не е ни многу голема!

Љубчо мртов ладен, отворено кажува дека го смета СЈО за политички реваншизам на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ?!

Уште не му е јасно кој и зошто снимал?!

Вели дека во Македонија притвор треба да има само за тешки убиства?! Ова е донекаде ок, но што е со тешки кражби од неколку милиони евра?!

И секако, она што беше особено одвратно е зборувањето за Албанците и муслиманите како некаква закана за земјата, како некаква болест од која треба да се отарасиме.

Не можам да поверувам со каква само леснотија Љубчо дава изјави во стилот на Ратко Младиќ и Шешељ, пак споменува цепење на Македонија, ги брои христијаните и муслиманите со што заговара верски конфликт во земјата?!

Во тоа главата на Љубчо, никако да влезе граѓанското општество како поим, тоа е нешто неверојатно!!!

Љубчо во 2016-та не е веќе симпатичниот борец за промени и демократија, туку звучи фашистички и расистички, ми заличи на овој лидерот на ИСИС, Ал Багдади!

За волја на вистината, тој рече дека треба да го учиме албанскиот јазик, ама за да го знаеме јазикот на непријателот?!

Просто е неверојатно како милионите, богатството, раскошот, кај Љубчо не влијаеле ни малку да му се вроди тој хуманизам и гледање на луѓето како граѓани без национална обоеност, зарем не разбира дека тоа гледање на Албанците како наши непријатели раѓа јојо ефект на другата страна?

Сигурно и кај Албанците има многу Љубчовци кои заговараат дека Албанците мора да се борат со Македонците за оваа територија, ги бројат Албанците и Македонците како овци, се замараат за религија и слично.

Да се бориш за промоција на неказнивост на криминал кај политичарите и да го шириш тој отров на некаква закана на Македонците од Албанците, тоа е нешто непростливо за еден политичар. Љубчо со овие изјави треба да се најде на црна терористичка листа како промотор на војни и масовни воени конфликти и немири.

Зарем не научи и самиот дека омразата раѓа војна, каква што ни се случи во 2001-ва?!

Овој човек е непоправлив!

Он уствари се залагал за влез во ЕУ и НАТО за да се спасиме од лошите Албанци кои ќе се множат како стаорци и ќе нè изедат секој момент?!

И после не му било јасно зошто СДСМ ги влошило односите со него и ВМРО-НП?! Па со вакви изјави, како воопшто ќе може со тебе да се коалицира бе човече?!

И самиот призна во интервјуто дека во последните 5 години, со Грујо се сретнал неколку пати, значи додека трае жестоката борба со диктаторот, Љубчо и Грујо редовно си се сретнувале на седенки и средби?!

Најдобро ќе биде Љубчо да не дава повеќе интервјуа до самите избори.

П.С. Замислете, го обвинува Заев за нарушените односи на СДСМ со ДПА и ДУИ?! Па ДПА и ДУИ се во чмарот на Грујо веќе 10 години! Како може Заев за тоа да е крив?!

Цццц, неверојатно лудо интервју на овој човек...

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња