1019 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 13:59
Граѓански активисти спроведоа урбана акција на уништените и несигурните игралишта во повеќе скопски населби. Активистите поставија кутии со прва помош бидејќи на тие места секојдневно (за среќа полесно) се повредува по некое дете, но прашање на време е кога ќе се случи некоја поголема несреќа.
Акцијата е посветена на катастрофалната состојба на многу детски игралишта кои претставуваат опасност за децата кои таму играат. Скоро секое трето игралиште во Скопје е оштетено или несигурно. Со бројот на оштетени детски игралишта кои претставуваат опасност за децата предничат Скопските населби Карпош, Центар и Кисела Вода, додека во населбите Аеродром и Ново лисиче состојбата навидум е подобра, но таму пак игралиштата се направени генерално од метал и плех (за разлика од дрвото и обработенте профили кои преовладуваат во Центар и Карпош) кои се многу пооотпорни, но се со остри рабови и ќошиња кои сами по себе се опасност за децата.
Интересно е дека најодржани (иако стари) се игралиштата во приградските населби како Илинден и Белимбегово.