Тестиран првиот контрацептивен метод за мажи

09.11.2016 01:08
Тестиран првиот контрацептивен метод за мажи

Неодамна успешно е тестиран првиот контрацептивен метод кој е наменет за мажи. Во медицинските истражувања во кои учествувале 320 мажи, откриено е дека инјекцијата што ја спречува бременоста е ефикасна во 96% од случаите.
"Истражувањето покажува дека машката хормонална контрацепција може да го намали ризикот од бременост“ – изјавил портпаролот на Светската здравствена организација.

И покрај позитивните резултати, поради негативните несакани ефекти на кои се пожалиле 20 (од вкупно 320 тестирани) мажи, беше одлучено дека хормонската терапија за мажи треба дополнително да се истражи.

Станува збор за нуспојава како што е промената во расположението, депресија, болки во мускулите, акни и промени на либидото. Дали некои од овие нуспојави ви звучат познато? Можно е, бидејќи станува збор за типични нуспојави од користењето на контрацептивни пилули кои во моментов ги користат околу 48% од девојчињата на возраст од 16 до 19 години и околу 55% од жените на возраст од 25 до 29 години.

Интересно е дека поради 6,25% мажи, кои не биле во можност да се справат со нуспојавите со кои жените кои користат контрацептивни пилули се соочуваат секој ден, одлучено е дека е потребно дополнително да се тестира и унапреди хормонална терапија.

Паралелно, женската контрацептивна пилула која е достапна од 1962 година, жените најчесто ја користат за да се спречи несакана бременост, и покрај тоа што со себе носи нуспојави, како што се промени во расположението, главоболки, нередовни менструации, крварење помеѓу менструалниот циклус, промени во тежината, гадење, отекување на нозете, чувствителност на градите, итн.

Овој случај е очигледен пример за привилегираниот статус кој мажите го уживаат во однос на одговорноста за несакана бременост. Иако 75% од мажите кои учествувале во истражувањето рекле дека би биле среќни да го користат овој метод на контрацепција, поради дваесет испитаници пробната хормонална терапија е повлечена. Сега медицината ќе потроши милиони за отстранување на нуспојавите со кои жените се соочуваат повеќе од педесет години.

Покрај наведните нуспојави, контрацептивната пилула за жени го зголемува ризикот од рак на дојка и рак на матката, но се чини дека медицината верува дека тоа сепак не е релевантен проблем во споредба со акните и промените во расположението кои се случувале кај мажите.
Извор: www.independent.co.uk