Помилување на илјада осудени хомосексуалци во Велика Британија и Германија

09.11.2016 01:10
Помилување на илјадници осудени хомосексуалци во Велика Британија и Германија

До крајот на шеесетите години во Велика Британија и Германија беа осудени околу 200 000 хомосексуални и бисексуални мажи. Денес овие западноевропски земји ја признаваат тежината на направеното злосторство.

Во склад со тоа, 49 години по декриминализацијата на хомосексуалноста Велика Британија одлучи да ги избрише криминалните досиеја на обвинетите за консензуални хомосексуални полови односи. Законскиот акт ќе биде воведен под името Turing's Law (Турингов закон) во чест на познатиот британски математичар кој за време на Втората светска војна помогнал да се разоткрие германскиот Енигма код, но подоцна бил прогонет поради хомосексуалноста.

Хомосексуалноста во Англија е декриминализирана дури во 1967 година, а дури во 2001 година границата за консензуални хомосексуални врски е спуштена на 16, односно изедначена со хетеросексуалните.
Но, еден од мажите осуден во 1974 година наведува дека нема да го прифати „простувањето“ и дека тоа што тој всушност го сака од нив е извинување.

„Да се прифати помилувањето значи да прифатите дека сте биле виновни. Јас не бев виновен за ништо. Бев виновен затоа што се најдов на погрешно место во погрешно време“ – изјавил Џорџ Монтеки.

Германската влада отиде чекор понатаму и одвои три милиони евра за надомест на околу 50 000 луѓе кои беа затворени поради својата хомосексуалност во согласност со член 175 кој формално беше дел од казнениот закон до 1994 година.

Во Источна и Западна Германија беа осудени околу 140.000 мажи. Хомосексуалноста во оваа земја за прв пат е криминализирана уште во 1871 година, но нацистичката ера воведува уште построги закони за да осуди илјадници мажи и да ги испрати во концентрациони логори.

Германскиот министер за правда Хеико Мас изјави дека секое барање за надомест на штетата ќе биде разгледан одделно и дека се очекуваат околу 5.000 поднесувачи на барањето. Мас признава дека дамката од злосторствата против геј популацијата никогаш нема да може да се отстрани, но постои желба за рехабилитација на жртвите.
И двете одлуки од медиумите се пречекани како долгоочекувано парче правда за жртвите на историските злосторства.

Извор: ravnopravnost.lgbt

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото