Верижен генератор (17)

10.11.2016 12:44
Верижен генератор (17)

Михаил Ренџов

Страв

Ветрот ми го пожолте дрвото
Срцето ми е темно.

Нели вие ме гоневте до полноќ?

Скокаат славеи над мојата куќа
Стравот ми е бршлен на ѕидот
Пожар во полноќна галија

Го слушате ли гласот
Во тајната соба на срцето?

Ноќта е златен облак
Вие ѕвезди што ми покажувате
Лажен пат.

Славеите на небо се убиваат.

 

Радован Павловски

Ја избирам оваа песна на Михаил Ренџов во Верижен генератор, затоа што денес навистина е страшно време за поезијата и поетите.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото