Одделно ќе (из)висите

12.11.2016 12:19
Одделно ќе (из)висите

Изминатиот период сите сме сведоци како опозициските политички партии во албанскиот блок никако не можат да се договорат околу склучување на коалициски договор за заеднички настап на предвремените парламентарни избори.

После десет години грабеж, после еден куп коруптивни скандали, после невидената политичка ароганција поткрепена со немање никаква опција или политички конкурент, време е овие апаши да ја напуштат власта и да одговараат за сите злодела што ѝ ги направија на Македонија изминатите десет години.

ДУИ, која е наследник на ОНА, со години се повикува само на албанската кауза, секогаш кога има потреба пред избори, се разбира, ги злоупотребува младите момци кои животите ги дадоа во име на зголемувањата на албанските права во Македонија.

За денес тие како носител да го кандидираат Артан Груби, кој е сигурно најомразениот политичар кај Албанците, симболот на селфи глупоста, кој преку злоупотреба на навивачката група #ШверцериЧаир, (за денес да не смее да се појави на стадион) ја почна валканата кариера, кој преку исценираниот инцидент на скопско кале директно политички профитираше... Тоа значи дека во авионот на ДУИ нема пилот, дека партијата е во една тешка криза, односно дека на Албанците им ја потценуваат интелигенцијата.

Затоа, драги опозиционери, денес пред вас е историска шанса да ја згазите оваа криминална и ненаситна банда која не е ништо повеќе отколку само албански огранок на ВМРО.

Дајте договорете се, најдете заеднички јазик, обединете се и испратете ги во историја, во спротивно вие ќе бидете едниствените виновници не само за албанското прашање, туку и за несреќата на сите граѓани на Македонија.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња