Смрт за книгава

14.11.2016 02:32
Смрт за книгава

Смрт за книгава или ебате книгава и ебате браков. Ебaте дваесет и шесте букви на мојот кукавичлук. И ебате тебе која го скрши огледалото и ја фрли пинцетата за корнење веѓи низ прозор. И твојот секаноќен мртов кревет лишен од секаква топлина освен детското гугање. Ебате бракот и теологијата и студеното лека ноќ. Ебате идолатријата на лутењето и свештениците кои ја заговараат. Како само се осмелуваат! Како само се осмелуваат! И фала ти за судот за мене. Убиство, потоа со брзиот во Париз, и - ете ме - одново мршавиот во син мантил додека Барбара ме чека во Хотелот Клини Сквер. А ебате и неа, бидејќи никогаш не дојде.

Смрт за книгава

Насилството на одломкава делумно олеснително се оправдува со чувството на носталгија и со загубата од последните два реда. Сака ли тој навистина да ги негира сопствениот живот и дело? И иако енергијата е слична, стекнуваме различна слика од првиот дел на необјавениот ракопис насловен Мојот живот во уметноста, од каде се преземени и преработени многу делови од тетраткава.

Почнавме со Завршната ревизија на мојот живот во уметноста. Ваква книга долго немало. Во последнава верзија ќе вложам голем труд за некако да го возвишам тоа безвредно парче ѓубре. На модерниот читател ќе му биде проследена рамка за пораз низ која незастрашен би можел да го согледа триумфот на горливиот гениј. Го имам тој ракопис тука крај себе. Ми требаа години за да го испишам. За целото тоа време ти, пак, си ја млатеше својата празна слама. Но со време ќе стане јасно дека јас сум стилистот на својата епоха и единствениот фер играч во градот. Не се препирав со сопствените гласови. И овој го истиснав од никаде. Познавачите тоа го нарекуваат дело кое не треба да се меша со Источњачкиот транс.

(Од „Смртта на нејзиниот човек“, 1978)

Превод: П. В.
Фотографија: Имон МекКејб

ОкоБоли главаВицФото