Јајца од Феникс

14.11.2016 20:07
Јајца од Феникс

Книгата „Јајца од Феникс“ на бугарскиот поет и ликовен уметник Роман Кисјов содржи избор од педесет поетски минијатури, кои авторот ги нарекува лапидарии, како и девет негови цртежи.

„Роман Кисјов е поет со истенчен усет за мерка. Мотивите во неговите цртежи и стихови се хармонично преплетени. Самиот Кисјов е исклучителен познавач на теологијата, филозофијата, митологијата, историјата (особено бугарската) и литературата, што е очигледно и од неговите стихови. Кисјов е пред сè роден поет. Тој е исто така поет кој се стреми кон лаконичност на исказот, се стреми кон поетскиот идеал - со малку да се каже многу... Лесно достапна, а истовремено длабока и мисловна, поетиката на Роман Кисјов со сигурност нема да ги остави рамнодушни вистинските љубители на поезијата“

Жарко Милениќ (БиХ)

Бесплатната е-книга преземете ја на линкот подолу:

ПрилогГолемина
Преземи1.02 MB

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото