1028 hPa
28 %
19 °C
Скопје - Вто, 05.11.2024 14:34
Од 13 ноември, новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се повлече од позицијата на Републиканската партија во врска со истополовиот брак. Во неговото прво интервју откако ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон во трката за Белата куќа, идниот претседател гостуваше во емисијата „60 минути“ на CBS. Кога беше прашан за брачните права за ЛГБТИ двојките, тој изјави:
„Тоа е закон“, пренесува ABC News. „Тоа е решено во Врховниот суд. Мислам, тоа е завршена работа. Овие случаи беа разгледувани од Врховниот суд и тие се решени. За мене тоа е во ред.“
Ова е спротивно на платформата на неговата партија. Републиканската партија е критички настроена кон случајот каде Врховниот суд донесе одлука да го легализира истополовиот брак во сите 50 држави. Партијата исто така ја поддржува „конверзивната терапија“ и повикува да се донесе закон за „верска слобода“, за да се дозволи дискриминацијата на ЛГБТИ граѓаните од страна на компаниите.
Да не заборавиме дека новоизбраниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, отворено се противи на истополовиот брак; тој претходно гласаше против закон кој забранува дискриминација на работното место врз основа на сексуална ориентација, а воедно тврди и дека да се биде хомосексуалец е „избор“.
За време на кампањата, Трамп вети дека ќе назначи судии во Врховниот суд кои ќе ја поништат брачната еднаквост. Што сѐ вети Трамп и како тоа би се рефлектирало на ЛГБТ+ луѓето, прочитајте овде.
За човек кој ќе му помогне во работата на домашните прашања Трамп го избра Џон Кенет Блеквел, поранешен државен секретар на Охајо, кој во 2006 година ги спореди геј луѓето со клептомани и пиромани.
Извор: www.queer.mk