1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
Не е лошо Ципрас да нè деблокира, но поважно во овој момент е „Маунт Витни“ да се стационира во Драч, да се подготват екипите на Лекари без граници и на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, благовремено да се ангажираат „канадерите“ од Хрватска или Франција, да се отворат коридорите кон Швајцарија и Германија...
Шегата настрана, јас мислам дека Европа и САД кои толку долго го поддржуваа режимот на чипираните идиоти во Македонија, а после застанаа зад идејата за излез од кризата низ изборен процес, да посветат поголемо внимание на можноста од ескалација на насилство во Македонија во режија на власта, се разбира. Тие мораат да ја преземат својата одговорност и во овој безбедносен дел преку појасни демонстрации на политиката на одвраќање од насилство. „Маунт Витни“ не, но некој патролен чамец од првиот брод на Шестата флота, зошто да не, хахаха.
Особено затоа што ги имат сите информации за тоа што сè можат да направат нашите лудаци.
Никој не говори за безбедносните аспекти на изборниот процес. Завлекувањето на власта преку разводнувачките пораки од кампањата на опозицијата се катастрофална грешка, која нема да ги одврати од насилство режимлиите кога ќе се соочат со можен пораз.
Карл Јасперс во 1933 година барал странска интервенција за ослободување на Германија од нацистите, Срѓа Поповиќ го бараше тоа од западните сили во врска со ослободувањето на Србија од режимот на Милошевиќ.
Ние не сме во таа категорија на проблеми, но јас исто така мислам дека за нашето ослободување мора да има некаква форма на странска интрвенција.
Која, во политички форми, веќе е во тек, и системите за одвраќање од насилство до одреден степен се вклучени, но се ми се чини дека сето тоа мора да добие построги демонстрации.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња