Крис Бузели

18.11.16 01:17

Фантастични предели населени со митски животни? Места каде што предметите од секојдневниот живот се појавуваат во неочекувани контексти? На еден неверојатен начин имагинарното и бескрајниот чудесен материјал од соништата станува видлив во илустрациите на Крис Бузели. Но, ве предупредуваме: откако еднаш ќе се проектирате таму, можеби никогаш нема да сакате да се одделите од неговите магични сфери.

По дипломирањето на престижната школа за дизајн „Род Ајленд“ (RISD), Крис беше објавуван во влијателни американски публикации, вклучувајќи ги Rolling Stone, Entertainment Weekly и and Newsweek. И уште многу други популарни списанија ја потенцираат неговата способност да плени широка публика. Многу галерии низ светот ги прикажуваат неговите масла на платно, додека моменталната преокупација на Бузели се предавањата на универзитетот RISD и на Факултетот за визуелни уметности во Менхетен.

Еволуција на бајката

Kрампус

Сериозно ништожно

Закопаното

Библиофобија

Сулфур и Мармалад

Процесот на стареење на еден тигар

Визионерска градина 

Мајорот Том/Наутилус

Ентропија

Mултидимензионални средства

Tаму каде што се изгубените нешта

Извор: www.chrisbuzelli.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото