Ова писмо е знак за тревога!

18.11.2016 03:51
Ова писмо е знак за тревога!

Драги пријатели, колеги, новинари и медиумски работници,

Ви го пишувам писмово од затворот Бакиркој, еден ден откако Џумхуриет, еден од најстарите наши весници и глас на турските социјалдемократи, беше предмет на полициска операција. Повеќе од десет писатели во моментов се во притвор, дека уште четворица се „барани од полицијата“, меѓу кои и Џан Дундар, генералниот директор.

Дури и јас бев шокирана!

Ова е јасен знак дека Турција одлучи да не почитува никаков закон или права.

Во моментов, повеќе од 130 новинари се во затвор - светски рекорд. Освен тоа, 170 весници, периодични публикации и радио/ТВ канали се затворени во текот на два месеца. Нашата актуелна власт сака да ја монополизира „реалноста“ и „вистината“. Секое мислење различно од она на властите е насилно спречено: тие се подложени на претепување од полицијата, држени дење и ноќе под надзор (до 30 дена), меѓу другите казни.

Јас бев уапсена на 19 август само затоа што сум една од советничките на „Озгур Гунден“, курдски весник. Иако Законот за медиуми 11 јасно вели дека советниците немаат легална одговорност за весникот, сè уште нема суд кој ќе ја слушне мојата приказна.

Заедно со мене во ова кафкијанско судење е Неџмие Алпај, 70-годишна лингвистка и преведувачка која исто така беше уапсена и обвинета за тероризам.

Ова писмо е повик за тревога!

Ситуацијата е драстична, застрашувачка и исклучително загрижувачка. Верувам дека тоталитарниот режим во Турција неизбежно ќе ја потресе Европа во иднина.

Европа, во моментов концентрирана на „бегалската криза“, се чини дека ги потценува опасностите од тоталното губење на демократијата во Турција. Сега ние, писателите, Курдите, Алевитите, секако, жените - плаќаме висока цена за „кризата на демократијата“.

Европа треба да ја преземе својата одговорност за вредностите што ги дефинираше со крв низ вековите, вредностите што ја прават Европа демократија со човекови права, вклучувајќи ги и слободата на говорот и мислата.

Потребна ни е вашата солидарност и поддршка.

Голема благодарност за сè што сторивте досега за нас.

Срдечен поздрав,

Асли Ердоган

1 Ноември, 2016

Затвор Бакиркој, Ц-9

 

Извор: Deutsche Welle