Текстилната индустрија пропаѓа зашто нема доволно робови, тврдат газдите

18.11.2016 11:41
Текстилната индустрија пропаѓа зашто нема доволно робови, тврдат газдите

Скопје, 18 ноември 2016

Текстилната индустрија пропаѓа поради недостиг од домашни робови, тврдат газдите. Во моментов, во конфекциите имало повеќе машини, отколку робови:

„Најмалку 2.000-3.000 робови недостигаат во моментот“, изјави Маријана Перковска, претседателка на Текстилен кластер на РМ.

Каде на текстилците им исчезнаа робовите?

„Бројот на вработени се зголемува, а на невработени се намалува постојано, а ние имаме проблем со недостиг од луѓе спремни да работат за ич пари, што значи дека луѓето се иселиле“, истакна Ангел Димитровски, претседател на Организација на работодавачи на РМ.

Ова можеби и не е толку нелогично, зашто работата е иста и овде и во Европа, ама платите не се.

„Стандардот на луѓето овде е многу низок, а платите во стопанството, генерално, се ниски“, истакна Перковска.

Дека во скоро време платите во македонското стопанство драстично ќе се зголемат е малку тешко за верување. За тоа да се случи, неопходно е македонската индустрија да тргне напред.

Најголем удар на неа досега ѝ нанеле иселувањето, странските фабрики и големиот број високообразован кадар, работи кои според стопанствениците треба да почнат да се менуваат.

„Бараме измена на Законот за високо и средно стручно образование, треба да се воведе само задолжителна четирилетка што ќе создава нископлатена работна сила, подготвена да работи за минималец во крајно нечовечки услови. Само така ние газдите ќе можеме да трупаме капитал и да се збогатиме“, смета Димитровски.


Инаку, текстилната индустрија е една од најзначајните стопански гранки во државата.

Во вкупниот извоз  учествува со 11%, а вработува 37.000 робови, што претставува 35% од робовите во целокупната преработувачка индустрија.

Слика: Sean Mahan