Слепиот

21.11.2016 14:01
Слепиот

Кажување

Патувања, лица, тутуно-одгледувач, чистокрвни животни, прст потпрен на ужасот, богатството на шамичињата, посети од непостоењето, огледалцето на знаењето, утрата на детската воздишка, фетусот на ноќта, јагне врзано за јаже и трпение, трпение како огнот и тебе.

Ти.


Храброста

На Хосе Ангел Валенте

Зборот кој се троши при дишењето, ги именува своите невозможности, коските што гореа за да дадат сенка, непцето кое завршува со плунката, она што беше тело и јагленисува за да започне хоризонтот. Стихот ја копа поезијата и околу светот, калливата зора е една крвава шума. Или тоа се чекорите на исплашената смрт? Веќе нема градови на засолниште. Седес, Арама, Асор се со испотено чело, избегаа нивните чучулиги од сончевите гранки. Веќе сè е раѓање.


Слепиот

Не ставај пред слепиот ништо што ќе го сопне. Се срами од својата состојба и само бара место под брановитиот живот, насилното или лизгаво подрачје, за да прави кругови околу пулсирачкиот бунар. Што ќе извади оттаму, освен никаквеците од нивното бревтање? Слепиот го виде она што не се случи. Има задна страна како на животно и ѕвони на жиците на можното непостоење.

 

Превод од шпански: Марија Петровска
Извор: Хуан Хелман, Светоединение и други прашања, СВП, 2014.
Слика: Andre Henri Dargelas

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото