Левица: 15 ударни мерки од изборната програма

22.11.2016 11:38
Изборна програма на Левица

Новоформираната политичка партија Левица, која на претстојните парламентарни избори ќе настапи самостојно под реден број 11, ја претстави својата политичка програма и ги најави петнаесетте ударни мерки. Разбирливо, во фокусот на Левица се работничките права и социјалната правда, но програмата содржи и мерки поврзани со образованието, екологијата, јавните простори, надворешната политика...

1. Воведување на минимален га­рантиран приход по семејство. Секое домаќинство кое остварува доход понизок од утврденото минимално ниво, ќе добива парична помош од државата до висината на тоа ниво: 6.000 ден. за едночлено домаќинство, 8.500 МКД за двочлено, 10.400 МКД за тричлено, 12.000 МКД за четиричлено, 13.420 МКД за петчлено домаќинство итн.

2. Враќање на можноста работникот да се стекне со право на пензија и по основ на работен стаж (35 години)

3. Забрана на натамошна привати­зација на јавните претпријатија (пошта, железници, водостопанства, електрани и сл.)

4. Запирање на непродуктивните буџетски расходи (споменици, градби и фасади кои се дел од „Скопје 2014“, владини реклами и сл.)

5. Значително намалување на превисоките плати на пратениците и функционерите и укинување на нивните привилегии (особено на апанажата, патните трошоци и др.)

6. Укинување на приватните извр­шителски канцеларии и воведување на судии-извршители, со цел да се спречи грабежот на граѓаните при постапката на присилно извршување

7. Драстично намалување на постоечките тарифи за награди и надоместоци на адвокатите и на нотарите

8. Незастарување на кривичните дела поврзани со економскиот криминал, со цел преиспитување на криминалната приватизација и конфискација на нелегално стекнатиот имот на сите досегашни владејачки структури и олигарси

9. Создавање услови за воведување интегрирано образование, без етнички поделени училишта

10. Воведување бесплатно, т.е. целосно јавно субвенционирано високо образование

11. Обезбедување право на квали­тетно здравствено осигурување за сите граѓани на Република Македонија

12. Утврдување на гарантирани от­ купни цени на земјоделските и сточарските производи преку отворање на државни откупни центри

13. Борба со урбаната мафија за спречување на уништувањето на зелените површини во градските средини

14. Забрана за создавање на стран­ски воени бази во РМ

15. Намалување на глобите за сооб­раќајните прекршоци и нивно одредување во сооднос со финансиската моќ на прекршителот

Програма на Левица можете да ја преземете овде.

Извор: levica.mk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото