Преку смртта стапуваме в слобода

23.11.2016 12:22

Крвави платна по земјата раширивме
со искинати нокти по гори ги закачивме,
по гори и по патишта,
преку сите предели
сликарски платна раширивме
од нашите кожи смели,
ние, модерните Рафаели...

Врз тие наши платна
ги нафрливме глетките
на смртта и умирањето,
во нив ги длабиме засеците
на борбите и бунтувањето.

Глејте ги нашите платна,
тоа се дела уметнички,
мислата во нив превратна
создава величини,
крвта од нив што се лее
руши како мини.

Тоа се нашите платна,
по земјата раширени,
да ги изгребеме стапките
преку смртта до слобода.

А кога крастави и уморни
платната свои ќе ги завршиме
во павиљонот на Новите Времиња
нив ќе ги изложиме;
и за крвта нема да жалиме
што за боја ја дадовме.


Preko smrti stopamo v svobodo

Krvava platna smo čez vso zemljo napeli,
s popokanimi nohti smo jih po gorah pripeli,
po gorah in po cestah,
preko vseh globeli
smo iz naših kož
slikarska platna speli,
mi, moderni Rafaeli…

Na ta naša platna
vrgli smo krajine
smrti in umiranja,
vanje dolbemo lavine
bojev in upiranja.

Glejte, naša platna,
to so umetnine,
misel v njih prevratna
ustvarja veličine,
kri iz njih lijoča
ruši kakor mine.

To so naša platna,
ki razpeli smo jih čez zemljo,
da izgrebemo stopinje
preko smrti v svobodo.

Ko pa, krastavi in trudni,
bomo platna dokončali,
v paviljonu Novih časov
bomo razstavljali;
in krvi ne bo nam žal,
ki za barvo smo jo dali.

 

Песната е напишана во окупирана Љубљана 1942 година. Кајух во тоа време бил член на Безбедносно-разузнавачката служба на Ослободителниот фронт (Varnostno-obveščevalna služba - VOS OF), во која биле најверните комунисти и членови на СКОЈ. Кајух ја напишал песната во моменти кога речиси бил ликвидиран од другар, поради природата на својата разузнавачка работа. После неколку сослушувања од страна на своите другари-комунисти, Кајух, целиот потресен, ја напишал песнава која ја посветил на својот истражител. Песната прв пат е објавена 1945 година и е една од најинтересните и најснажните партизански песни од народноослободителната борба на југословенските народи.

Карел Дестовник-Кајух (Karel Destovnik Kajuh), како член на Културната чета на Четиринаесеттата партизанска дивизија, загинал во борба против фашистите на 21 февруари 1944 година. Покрај него тогаш загинале и вајарот Јанез Белач и композиторот Свето Маролт-Шпик.

За народен херој на Југославија Кајух бил прогласен 1953 година од страна на претседателот на ФНРЈ, Јосип Броз Тито. Неговото име го носат една улица и едно основно училиште во Љубљана.

Кајух, неколку дена пред смртта, февруари 1944

Избор и превод: П. В.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото