Бендот Foolish Green го објави спотот за песната „Thousand Years of Sorrow“

25.11.2016 04:25
Бендот Foolish Green го објави новиот спот за песната „Thousand Years of Sorrow“

Скопскиот бенд Foolish Green го објави видеото за песната „Thousand Years of Sorrow“, црно-бело парче визуелна уметност чиј кинематографер е Вишал Витал, а е едитирано од Абдала Сада. Спотот е сниман во Португалија.

Концептот на спотот е да ги прикаже носталгичните и меланхолични чувства за „исчезната личност“. Основен субјект во краткото видео е човекот во формален црн костим, кој шета низ урбана средина (низ улици, ресторани, станици и игралишта), соочувајќи се со различни ситуации во придружба на мал црн балон кој ги менува изразите само со своите нацртани очи, во зависност од различната ситуација. Балонот е метафоричен приказ на исчезнатата личност. Во текот на видеото, човекот во костимот искусува осаменост и сеќавања на минатото со личноста која веќе ја нема.

Целта на спотот е да го пренесе чувството на губење на блиска личност, но не буквално туку физички и ментално, не само од секојдневниот живот, туку и од реалноста.

Извор: Радио МОФ