Британија ќе ги забрани „специфичните“ порно жанрови?

25.11.2016 04:20
Британија ќе го забрани „неконвенционалното“ порно?

Ако британскиот парламент го усвои предлог законот за цензура на интернет, некои од најпопуларните порнографски жанрови ќе бидат забранети.

Британското тело за оценување на интернет содржини е спремно да ги блокира сите филмови кои поради својата содржина не можат да бидат дистрибуирани на ДВД и филмовите кои содржат „неконвенционални сексуални активности“.

Така, британските интернет корисници засекогаш би можеле да се простат од филмовите кои прикажуваат секс на јавно место, насилство и секс за време на менструација. На листата на забранети порно филмови ќе се најдат и оние кои прикажуваат сцени со уринирање, женска ејакулација и самозадоволување со предмети како лименки и шишиња.

Наводно, се очекуваат и драстични казни за сите порнографски интернет страници кои нема да ја контролираат возраста на своите посетители.

Иако не е сигурно дали законот ќе стапи на сила, тој веќе ја подели британската јавност. Додека еден дел од Британците го поддржуваат законот, други сметаат дека државата не треба да се меша во изборот на филмови за возрасни и ја нарекуваат Џоди Гинзберг од телото за оценување интернет содржини „лажна пуританка“.

Извор: Gizmodo

ОкоБоли главаВицФото