1018 hPa
86 %
-2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 01:59

Кога се буди денот
мојот сон оди на починка,
и цел свет ми се сместува во постела.
Се сепнувам кога ќе слушнам
звук на хеликоптер,
некогаш помислувам на најлошото,
некогаш стравувам да не падне.
Сè поретко возам кола, пешачењето
е фитнес-центар за мозокот.
Совеста и ракавиците на потсвеста.
Облаците фрлаат велеградски сенки.
Низ нивните темни сонцобрани се
протна капка сонце и падна врз
една буква на тастатурата.
Сега знам како да ја
започнам песната.
24.11.2014
Слика: Antoine Auguste Ernest Hébert