100 причини за да ги казниме

28.11.2016 02:36
100 причини за да ги казниме

1. Да ги казниме тие што нè претворија во шампиони во мизерија.

2. Да ги казниме тие што иселија стотици илјади луѓе од своите домови.

3. Да ги казниме тие што изнесоа 5 милијарди долари од Македонија.

4. Да ги казниме тие што го зголемија надворешниот долг за 4.4 милијарди долари.

5. Да ги казниме зашто лажно ветуваа интеграција во ЕУ и НАТО.

6. Да ги казниме тие што се обидоа да скријат убиство на партиска прослава.

7. Да ги казниме тие што оставаат и кријат мртви патници на нивните митинзи.

8. Да ги казниме тие што крадеа државни пари за ученички превоз.

9. Да ги казниме зашто нивните телохранители газеа луѓе и не одговараа.

10. Да ги казниме зашто амнестираа воени злосторници за да дојдат на власт.

11. Да ги казниме зашто незаконски прислушкуваа десетици илјади граѓани за лични цели.

12. Да ги казниме зашто крадеа пари и кога ја купуваа опремата со која нè прислушкуваа.

13. Да ги казниме зашто ја уништија опремата за прислушкување за да ги скријат трагите.

14. Да ги казниме зашто МВР го претворија во партиски штаб.

15. Да ги казниме зашто фалсификуваа лични карти за да крадат на избори.

16. Да ги казниме зашто ги уценуваа војниците и децата без родители да гласаат за нив.

17. Да ги казниме зашто незаконски запишуваа десетици луѓе на иста адреса.

18. Да ги казниме за крадењето на црни вреќи со гласачки материјали.

19. Да ги казниме зашто блокираа лифтови и автобуси за да спречат гласачи.

20. Да ги казниме зашто незаконски поништуваа гласање на комисии и судови.

21. Да ги казниме за насилното исфрлање на пратениците и новинарите од собранието

22. Да ги казниме за поткупувањето гласачи со пари, социјална помош, вработувања.

23. Да ги казниме за местењето и потплатувањето судии.

24. Да ги казниме за стотиците наместени политички процеси и политички затвореници.

25. Да ги казниме за мачењата и малтретирањата на политичките противници.

26. Да ги казниме за заканите, уцените и „пиштењето и вриштењето“ што го предизвикуваа.

27. Да ги казниме зашто извлекуваа милиони евра во кеш и земаа 5% од парите за автопати.

28. Да ги казниме зашто го претворија Уставниот суд во Уставен блуд.

29. Да ги казниме зашто се обидоа да се аболицираат себеси за сторените криминали.

30. Да ги казниме зашто уриваа со динамит за да ги заплашат политичките противници.

31. Да ги казниме зашто потрошија стотици милиони евра наши пари за нивни „куртон вести“.

32. Да ги казниме зашто Македонија ја претворија во медиумски најнеслободна земја во Европа.

33. Да ги казниме зашто ја запустија културата и културното наследство.

34. Да ги казниме зашто слушаа гатачки, наместо експерти.

35. Да ги казниме зашто воведоа драконски казни за сè и сешто.

36. Да ги казниме зашто ги спасуваа нивните деца што пренесуваа дрога преку граница.

37. Да ги казниме зашто им наредија на специјалци да тепаат студенти.

38. Да ги казниме зашто тепаа демонстранти кои протестираа против нивните криминали.

39. Да ги казниме зашто со специјалци затвораа опозициски телевизии и весници.

40. Да ги казниме зашто со илјадници евра казнуваа новинари за клевета.

41. Да ги казниме зашто ширеа говор на омраза и поттикнуваа насилство по сите основи.

42. Да ги казниме зашто скришно купуваа плацови на Водно за џабалак за „згради-мади“.

43. Да ги казниме зашто тајно купуваа мерцедеси од 580 илјади евра.

44. Да ги казниме зашто предизвикуваа верски и етнички тепачки пред избори.

45. Да ги казниме зашто им дозволија на вооружени терористи да влезат во Куманово.

46. Да ги казниме зашто се обидоа да предизвикаат меѓуетничка војна во Куманово.

47. Да ги казниме зашто не ѝ дозволија на Тамара да се лекува.

48. Да ги казниме за зголемената смртност на доенчињата.

49. Да ги казниме за катастрофалната хигиена во болниците.

50. Да ги казниме за неквалитените лекови и вакцини.

51. Да ги казниме затоа што не ги изградија клиничките центри и болници што ги ветија.

52. Да ги казниме зашто ги избркаа квалитетните лекари во странство.

53. Да ги казниме за катастрофалните учебници од кои учат нашите деца.

54. Да ги казниме за неквалитетните наставници и професори вработени по партиска линија.

55. Да ги казниме за илјадниците компјутери во училиштата кои никогаш не проработеа.

56. Да ги казниме зашто ги застрашуваа учениците кога протестираа против „екстерното“.

57. Да ги казниме за катастрофалните услови во студентските и ученичките домови.

58. Да ги казниме затоа што ги лажираа и студентските избори.

59. Да ги казниме за партиските војници вдомени во администрацијата.

60. Да ги казниме за сите притисоци и уцени врз буџетарите.

61. Да ги казниме за нивните политички црни списоци, уцени, казни и отпуштања од работа.

62. Да ги казниме за рекетирањето на приватни фирми преку УЈП и УБК.

63. Да ги казниме зашто го аболицираа заштитениот сведок кој потоа се „самоуби“.

64. Да ги казниме зашто го урнаа пописот за да не се открие колку луѓе се иселиле поради нив.

65. Да ги казниме затоа што го спречуваа СЈО да води истраги против нив.

66. Да ги казниме зашто не донесоа законски измени за заштита на сведоци.

67. Да ги казниме зашто ги урнисаа работничките права.

68. Да ги казниме тие што организираа партиска лотарија за вработување.

69. Да ги казниме зашто умираа работници на нивните проекти за перење пари.

70. Да ги казниме зашто испраа стотици милиони евра преку проектот „Скопје 2014“.

71. Да ги казниме за панорамското тркало и панорамската кула од околу 40 милиони евра.

72. Да ги казниме за партиските музеи, плоштади, споменици, енциклопедии со наши пари.

73. Да ги казниме забеганите кои трошеа на чоколада, кога немавме ни за леб.

74. Да ги казниме за нивните банкарски сметки и оф-шор фирми на Кипар и Белизе.

75. Да ги казниме за десетиците илјади евра што ги земаа за патни трошоци.

76. Да ги казниме за сите лажни инвестиции и шарлатаните ко Субрата Рој.

77. Да ги казниме за лажните субвенции и вработени кои земаат плата, а не одат на работа.

78. Да ги казниме за унишувањето на сточарството и земјоделството.

79. Да ги казниме затоа што увезуваме храна повеќе од кога и да е.

80. Да ги казниме зашто ја укинаа евтината струја.

81. Да ги казниме зашто не произведуваа, туку увезуваа струја за лично да се збогатат.

82. Да ги казниме зашто прогласуваа предавници додека преговараа за промена на името.

83. Да ги казниме тие што ги прогласија Македонците за Македоноиди.

84. Да ги казниме тие што организираа контра-невладини и контра-протести.

85. Да ги казниме тие што ја негираа антифашистичката борба за слобода.

86. Да ги казниме тие што ги гушеа слободите и правата на луѓето.

87. Да ги казниме тие што ги негираа правата на жените како „некакви си права“.

88. Да ги казниме тие што поттикнуваа насилство и не ги гонеа маскираните насилници.

89. Да ги казниме тие што сечеа шуми и нè направија рекордери по загаденост во Европа!

90. Да ги казниме зашто не ги заштитија Тетово и Скопје од поплави.

91. Да ги казниме тие што водеа политичка војна против канабисот, а го легализираа како лек.

92. Да ги казниме тие што сечеа лента на обиколница иако знаеја дека го поплавува Стајковци.

93. Да ги казниме тие што партиски делеа помош во услови на национална катастрофа.

94. Да ги казниме тие што бегаат од сообраќајки со службени коли со швалерки.

95. Да ги казниме тие што пропагираат, а немаат повеќедетни семејства.

96. Да ги казниме лажните конзервативци што живеат во раскош и разврат.

97. Да ги казниме лажните христијани кои палат свеќи во црква и ги кршат сите 10 заповеди.

98. Да ги казниме тие што ветија подобар стандард за сите, а лично се богатеа со наши пари.

99. Да ја казниме најбогатата партија во најсиромашната земја во Европа!

100. Да ги казниме зашто имаме најниски и најмизерни плати во Европа!

Да ги казниме на 11 декември!



Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Били Даркарт