Среќа

29.11.2016 13:22
Среќа

Среќа

За време на свадбениот ручек, двајца гости донесуваат еден сад толку тежок што тие како да се поднаведнуваат под неговата тежина. Невестата тогаш го крева капакот. Но тука има само пердуви што се разлетуваат кога поканетите ќе дувнат во нив. Среќата има кратко траење.

Тешкотија

Јас имам многу работи да речам, вели рибата, но устата ми е полна со вода.

Дух

Куќните духови не се елегантни суштества. Тие прилегаат на мечки со човечка глава и со две мали рокчиња. Гостопримливи се и се плашат само од едно нешто: да бидат навредени. Немаат фамилија, само прислужници. Кога два духа живеат под ист покрив, тие се расправаат (пожари, болести). Стопанот од куќата треба да ги смирува. Кога се селите, треба да ги предупредите.

Духовите на шумите, на полињата, на водите прилегаат на други духови, но имаат бели коис. Тие сакаат подароци. Грабнуваат жени и ги влечат во своите живеалишта. Не можете да ги убиете со куршум туку само со стап.

Коб

Антилопа со рогови во вид на лира што го менува полот секоја година.

Огледало

Јас те гледам, ти ме гледаш.

 

Превод од француски: Влада Урошевиќ
Фотографија: Олег Оприско

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото