Југословенството - активна субверзија

30.11.2016 11:24
Југословенството - активна субверзија

Виктор Иванчиќ
Југословенството - активна субверзија

Она што можам да речам дека е типично, тоа е дека колку помалку комунисти и Југословени има во Хрватска, толку е поинтензивен јавниот лов на нив. Значи, тоа е некаков лов на сеништа. Она што ми се допаѓа, да речеме, кај пристапот на Марковина кон темата на југословенството, тоа е дека тој не заговара југословенство ниту во државотворна смисла, ниту како некој вид национална идентификација, туку како вид отпор, ангажман, а не декларирање, значи, како еден активен, а не пасивен феномен. И тука мислам дека тоа е потенцијално опасно, опасно за другата страна, зашто ако целиот политички профил на поединецот денес се сведе, ако се сведе комплетната негова политичка профилација на тоа дали е тој Хрват, Србин или некој трет по својата национална припадност - тогаш навистина е субверзивно да кажеш дека си Југословен по својата национална припадност. Тука го гледам потенцијалот на југословенството како ангажман, или, да речеме, како некој поодговорен вид антинационализам, или некој праг на антинационализам од кој нема враќање.

Мари Жанин-Чалиќ
Југословенството беше решение за малите задушливи средини

Југословенството, Југославија, беше решение, единствено решение за малите, затворени, задушливи средини кои сечат сè што барем малку отскокнува. Југославија беше тој простор за слобода за сите оние на кои им е тесно во националните рамки со нивните лажни елити и задушливи академии.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото